„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ЗНАМ

maksim-dimitrievski1

ЗНАМ нема да поддржат намалување на патните трошоци како што бара Левица, ниту кажаа конкретен став дали се високи или ниски

Пратениците од движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски, нема да гласаат за намалување на патните трошоци. Тие сметаат дека Левица прави популизам, со оглед дека со законското решение е само сопствена промоција.„Пратениците од ЗНАМ не наплаќале и нема да наплаќаат патни трошоци. Само еден колега има добиено 30.000 денари, за амортизација, гориво, патарини. Нашиот став за предлогот на Левица, останува принципиелен, ќе ги игнорираме сите предлози чија единствена цел е популизам и креирање на театар за секоја тема. Отворени сме за конструктивен процес на преговори, за сите прашања, со сите пратенички групи, за да се дојде до најдобро решение“, рече Даниела Белимова, пратеник од ЗНАМ.Според неа, Левица не е решение на проблемот туку таа создава проблеми. На прашањето дали лично смета дека патните трошоци треба да се намалат, Белимова рече: „Ние секој предлог го прифаќаме, како пратеничка група да седнеме на маса со другите пратенички групи, да договориме општо прифатливо“. На прашањето што е тоа „општо прифатливо“, дали се ниски или високи патните трошоци, таа немаше одговор и го повтори истото: „Кога ќе седнеме на маса, ќе изнајдеме решение“.

Македонија | пред 1 година

pratenici-sobranie-levica

ЗНАМ со лажни обвинувања поради неспособноста на власта да обезбеди кворум, вели Левица

“Смешни се обвинувањата на ЗНАМ за тајна коалиција помеѓу Левица, СДС и ДУИ, а со цел, како што велат, блокада на работата на Собранието и блокирање на процесот за исплата на плати на околу 1000 инспектори во државните инспекторати. Нервозата кај власта е заради тоа што свикаа неделовнички седница, во петок, а пратениците беа известени само три часа пред почетокот на седницата. Сето ова доаѓа од тоа што министрите на ДПМНЕ и ЗНАМ доцнат шест месеци со консолидација на законите, односно околу 1000 инспектори не можат да добијат декемвриска плата затоа што министрите не ги направиле потребните измени согласно реорганизацијата на министерствата”, вели Левица и додава:Ја потсетуваме власта, а особено нејзиниот најмал коалиционен партнер ЗНАМ, кој денес беше испратен да држи прес во одбрана на ДПМНЕ, дека согласно Законот за Собрание, петоците се определени како денови за средба на пратениците со граѓаните од нивните изборни единици, а на последната координација беше договорено во петок да нема седници. Иако бевме известени само три часа пред почеток на седницата пратениците на Левица беа во Собранието и со ниту една постапка не ја опструираа работата на истото. Работата на Собранието ја опструираа пратениците од власта кои со викања, колнења, пцовки и погрдни зборови најверојатно сакаа да предизвикаат инцидент за да ја прикријат својата неспособност. Кога не успеаја во тоа - ги испратија ЗНАМ да ја оцрнува Левица.Пратениците од ЗНАМ ги советуваме петоците и тие да ги користат за контакт со граѓаните, со цел граѓаните конечно да ги запознаат нивните избраници, бидејќи, за жал, поради нивната пасивност, сервилност и не делување во Собранието, нивните имиња и ликови се сѐ уште се непознати на јавноста.Левица веќе докажа дека е единствена автентична опозициона партија, во коалиција единствено со народот. Од друга страна, сите останати парламентарни партии, без разлика на нивната декларативна реторика - со своето делување повеќепати го потврдија постоењето на широката коалиција за лични и партиски интереси.Потсетуваме дека Левица беше иницијатор на интерпелацијата поради која беше разрешена претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути - пратеничка од редовите на Европскиот фронт предводен од ДУИ. За оваа интерпелација поднесена од Левица, пратеничката група на СДС одби да гласа и ја напушти собраниската сала. Дополнително, не смее да се заборави фактот дека ДУИ секогаш стои на располагање за спас на владејачкото мнозинство формално составено од ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ, особено кога е потребно 2/3 мнозинство за носење закони.Левица нема да биде замолчена од евтини и смешни манипулации и ќе продолжи да го брани интересот на народот, разобличувајќи ја неспособноста, хаосот и скриените сојузи во Собарнието.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ЗНАМ контра Гаши: Даути е разрешена

На Илире Даути 61 пратеник ѝ изгласа недоверба на функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика, прифаќајќи ја интерпелацијата од Левица.Изненади соопштението од Кабинетот на собранискиот спикер Африм Гаши.„Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство“.Со овој став не се согласуваат од ЗНАМ, владиниот коалициски партнер, кој постојано објаснува дека за коалиција се договарале со ВМРО-ДПМНЕ, но не и со ВЛЕН.„За нас исходот е многу јасен. Собранието утврди одговорност кај госпоѓа Даути, таа несомнено го прекршила Деловникот, а санкцијата за прекршувањето на Деловникот е разрешување за оној што го направил тој прекршок. Со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува претседателската функција во работното тело на Собранието“, вели Движење ЗНАМ.Бараат опозицијата да предложи нов кандидат за позицијата.За Јован Митревски од СДСМ, Гаши не е во право , интерпелација мора да има правна последица, ама ова сепак е преседан.„Во Деловникот има интерпелација за носители на јавни функции, а претседател на собраниска комисија е и тоа како носител на јавна функција. Даути треба да си замине од Комисијата, но право на парламентарната партија е да предложи кого сака за претседател“, вели Јован Митревски.Интерпелацијата за Илире Даути ја поднесе Левица поради нејзиното несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување со кочење на Законот за бранители со тоа што не го ставила на дневен ред на Комисијата со која претседава.

Македонија | пред 1 година

IMG-b97e3d7e047d94d7ef6330a33ffcc759-V

Движење ЗНАМ до ВМРО-ДПМНЕ ја достави „Националната платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии“

Партиска делегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, во состав - Весна Бендевска и Павле Арсовски, потпретседатели и Горан Минчев, генерален секретар на партијата, денеска ја достави Националната Платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални интереси до ВМРО – ДПМНЕ.Потпретседателката Бендевска изјави дека ќе ја доставвт Платформата до коалиционите партнери и на политичките партии за да се постигне национален консензус за клучните работи од интерес на државата, на внатрешен и на надворешен план.„Започнуваме и ќе ја доставиме на рака на нашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ. Тие ќе се запознат со содржината, а потоа ние сме подготвени да разговараме и да ги објаснуваме позициите што се содржани во нашата понудена национална платформа“, рече Бендевска.Запрашана дали очекуваат Платформата да ја прифатат од владиниот албански коалициски партнер Вреди, таа одговори дека ќе се разговара и со нив и додаде:„Очекуваме да ја разгледаат и да дадат свои забелешки. Текстот не е конечен и ововзможува соработка. Конечно Македонија е мултикултурно и мултиетничко општество. Движење ЗНАМ за Наша Македонија, се обидува да ја врати државата, заедничка Македонија, на Крушевските принципи, на АСНОМ-ските принципи. Затоа откажувањето и пред да разговараме и да ја соопштиме содржината е претерано и избрзано. Верувам дека има можност, конечно сите сме одговорни за иднината на Македонија за нашите нови млади генерации“.Во однос на ставот за отфрлање на предлогот од опозициските СДСМ и Левица Бендевска рече дека не треба да се избрзува.„Потребно е да ја проучат Националната платформа и потоа да го кажат својот став. Може да се направи заеднички документ кој би им одговарал на сите“, потенцира таа.Во однос на поддршката од Европскиот фронт, кој исто така ја отфрли Платформата, потпретседателката на ЗНАМ, Бендевска рече:„Ние ќе направиме се'. И веруваме дека е можно да се најдат вистинските начини и Македонија да ја вратиме на вистинскиот пат, модерна, современа европска држава. Ќе си дадеме време. Ќе разговараме и подаваме рака на сите, бидејќи ова е навистина многу важен државнички чекор. Националната платформа е натпартиски, надетнички, над сите можни нивоа важна како чекор. Македонија прво треба национално внатрешно да се обедини за да зајакне нејзината меѓународна позиција“.

пред 1 година

Нема фотографија

Движењето ЗНАМ - За наша Македонија демантира дека има свои претставници во работна група за изработка на закон за правична застапеност на етничките заедници

Во врска со изјавата на пратеникот Халил Снопче, Движењето ЗНАМ - За наша Македонија „демантира дека има свои претставници во работната група за изработка на законско решение за правична застапеност на етничките заедници, ниту пак има било каква информација дека таква работна група е формирана“.„Во исто време би сакале да го запрашаме господинот Снопче дали е точно дека тој е дел од работната група во Собранието, која го подготвува новиот закон за правата на бранителите од конфликтот во 2001 година.Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, како одговорен политички субјект, смета дека изречениот збор, особено од носители на функции и претставници на народот, имаат посебна тежина и секогаш треба да се одраз на реалноста и вистината.Ставот на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија е дека правичната застапеност на етничките заедници е уставна категорија и затоа треба да се најде соодветно законско решение кое ќе биде предмет на широка јавна расправа во која ќе учествуваат експертската и научна јавност и заинтересираните страни, а кое на крајот ќе биде пратено до Венецијанската комисија.Движењето ЗНАМ - За наша Македонија работи јавно и транспарентно, како што досега го покажа праксата и секогаш во интерес на граѓаните, а штитејќи ги државните интереси“, соопшти Движењето ЗНАМ - За наша Македонија.

Македонија | пред 1 година

maksim-dimitrievski0123

ЗНАМ ги објави кандидатите за министри

На прес конференцијата на Движењето ЗНАМ беше објавено дека Игор Филков ќе биде номиниран за министер за правда.Игор Филков, бизнисмен со дипломирани правни студии на скопскиот Правен факултет ќе биде предлог на ЗНАМ за нов министер за правда.Вториот кандидат на ЗНАМ за министер е генералниот секретар на движењето ЗНАМ Горан Минчев ќе биде нов министер за администрација, соопштија од партијата на Максим Димитриевски.Од ЗНАМ дополнително ќе ги соопштат имињата на замениците министри и на директорите кои им се доделени во коалициските договори.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ЗНАМ: Јавноста ќе биде информирана навремено и транспарентно за сите договори со ВМРО – ДПМНЕ, идните кадровски решенија

,,Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во досегашната работа е отворено итранспарентно во однос на информирањето на јавноста за чекорите што гипрезема во остварувањето на зацртаните политики и стратегии.Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во тој дух ја информираше јавностадека ги отпочна преговорите за соработка со ВМРО-ДПМНЕ и учество воидната влада, како и дека во кусиот период на разговори, може да се кажедека истите се во завршна фаза.Движењето ЗНАМ- За наша Македонија, како што истакнуваше и во кампањатаза парламентарните избори, разговара и преговара многу сериозно соВМРО ДПМНЕ врз основа на платформа, со која настапи и напараламентарните избори, наречена „Проглас за достоинственаМакедонија“.За Движењето ЗНАМ е важно Република Македонија да е демократска,современа, модерна, европска држава, втемелена врз Крушевскиот манифести асномските принципи.Република Македонија да е самоодржлива држава, која произведувасопствена храна и енергија, што индиректно придонесува во јакнењето нанезависноста и суверенитетот на државата.Република Македонија како држава во која правдата е еднаква за сите инема неказнивост и неказниви и селективност. Држава која промовира нултатолеранција кон корупција и ефикасно се справува со организираниоткриминал.Движењето ЗНАМ – За наша Македонија исто така информира дека соВМРО-ДПМНЕ е разговарано и за одредени ресори, но тие во овој моментне се докрај дефинирани, ниту потврдени, а разговорите ќе продолжат вонаредните денови.ЗНАМ потенцира дека во духот на транспарентноста во работата и почиттакон граѓаните и јавноста, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија,навремено и точно ќе ги соопшти сите детали за кои е постигнат конечендоговор за соработка и учество во идната влада.Движењето ЗНАМ – За наша Македонија како политички субјект имаквалитетни кадри кои можат да одговорат на предизвиците со кои сесоочува државата во било кој ресор.Конкретните кадровски решенија и одлуките за тоа ќе ги донесат органитена Движењето ЗНАМ, низ доодветна интерна партиска процедура и истите ќебидат соопштени во јавноста.Секоја шпекулација за одредени имиња и ресори Движењето ЗНАМ – За нашаМакедонија ги оценува како неточни и невистинити.”, велат од Движење ЗНАМ – За наша Македонија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Движењето на Максим на маса со ВМРО-ДПМНЕ: Инсистиравме определбите да бидат дел од владината програма

Вечерва во просториите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се одржа средба за соработка на работните групи на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и на ВМРО –ДПМНЕ, во состав: Горан Минчев, генерален секретар, Весна Бендевска и генерал Павле Арсоски потпреседатели на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и потпреседателите на ВМРО – ДПМНЕ, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски.На состанокот се разговараше за стратешките определби, политичките начела и политичката платформа за соработка.Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, својата платформа ја темели на идеолошките столбови на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, а тоа се Македонија современа, демократска, европска држава, втемелена на илинденските и асномските вредности, интеграција на земјата во Европската унија на достоинствен начин; потоа Република Македонија држава во која има правда за сите и нулта толеранција за корупција; Македонија како самоодржлива држава која ќе произведува доволно храна и енергија за своите потреби, забрзани и ефикасни реформи во економијата и социјалните политики во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и стабилни меѓуетнички односи.Во разговорите претставниците на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија инсистираа сите овие определби, како и дел од програмата за парламентраните избори „Проглас за достоинствена Македонија“ да бидат дел од идната владина програма.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-24-at-16.44.04

Промовирани адутите на ЗНАМ; Максим Димитриевски спремен да ги замени партиите кои владееа

Движењето ЗНАМ ги промовираше своите адути како носители на изборни листи за парламентарните избори на 8 мај.Прв во Изборната единица 1 ќе биде Бобан Карапејовски, професор на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.Носител на листата во ИЕ 2 ќе биде Даниел Стојчевски, м-р по кривично право, директор на ЈП Чистота и зеленило.Носител во тројката е биде Павле Арсовски, генерал-мајор во пензија.Носител на листата во ИЕ 4 ќе биде економистот Миле Цеков, претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија, а петтата изборна единица ќе ја предводи поранешната претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратеник и потпретседател на СДСМ, Весна Бендевска.Во Изборната единица 6 носител ќе биде Небојша Захариевски, магистер по правни науки.Максим Димитриевски ги обвини СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ за состојбите во државата и рече дека е време да заминат.Тој нагласи дека сме Македонци и време е да бидеме свои на своето.,, Оние што 30 години се менуваат, време е да си заминат”, рече Димитриевски.

Македонија | пред 1 година

maksim-dimitrievski0123

Карапејовски во единицата, Стојчевски прв во двојката а Минчев последен, Бендевска носител во 5-та ИЕ

Политичкото Движење ЗНАМ-За наша Македонија, информира дека со акламација на седницата на Извршниот, а потоа и на седницата на Централниот одбор се утврдени носителите на листите во сите шест изборни единици за претстојните парламентарни избори.Носител во единицата ќе биде Доц. д-р Бобан Карапејовски, професор на катедрата за македонски јазик при Филолошки факултет Блаже Конески во Скопје и член на ИО на Движење ЗНАМ-За наша Македонија.Во двојката на прво место ќе биде магистер по кривично процесно право Даниел Стојчевски, директор на ЈП Чистота и зеленило Куманово и Претседател за ОО на Движењето ЗНАМ, Куманово , а како изненадување генералниот секретар Горан Минчев, на негово барање ќе биде на листата за пратеници во таа изборна единица,но на последното 20-то место.Преку личен пример генералниот секретар, Минчев упатува порака дека од Движењето ЗНАМ – се разликуваат од другите и дека личните интереси и борбата за јавни функции не се става на прво место.За носител на листата во ИЕ 3 се предлага докторот на историски науки Павле Арсоски, Генерал-мајор во пензија и Потпретседател на Движење ЗНАМ.Четворката ќе ја предводи Миле Цеков, дипломиран економист на отсекот Меѓународна трговија, Претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија и Претседател на ОО на Движењето ЗНАМ За наша, Струмица, а петката Весна Бендевска, дипломиран психолог, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ, поранешна Претседателка и член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Потпретседателка на ЗНАМ.Во шестката боите на ЗНАМ ќе ги брани магистерот на правни науки, Небојша Захариевски, Претседател на ОО Движење ЗНАМ-Тетово.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања