Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

ЗНАМ: Јавноста ќе биде информирана навремено и транспарентно за сите договори со ВМРО – ДПМНЕ, идните кадровски решенија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во досегашната работа е отворено и

транспарентно во однос на информирањето на јавноста за чекорите што ги

презема во остварувањето на зацртаните политики и стратегии.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во тој дух ја информираше јавноста

дека ги отпочна преговорите за соработка со ВМРО-ДПМНЕ и учество во

идната влада, како и дека во кусиот период на разговори, може да се каже

дека истите се во завршна фаза.

Движењето ЗНАМ- За наша Македонија, како што истакнуваше и во кампањата

за парламентарните избори, разговара и преговара многу сериозно со

ВМРО ДПМНЕ врз основа на платформа, со која настапи и на

параламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена

Македонија“.

За Движењето ЗНАМ е важно Република Македонија да е демократска,

современа, модерна, европска држава, втемелена врз Крушевскиот манифест

и асномските принципи.

— реклама —

Република Македонија да е самоодржлива држава, која произведува

сопствена храна и енергија, што индиректно придонесува во јакнењето на

независноста и суверенитетот на државата.

Република Македонија како држава во која правдата е еднаква за сите и

нема неказнивост и неказниви и селективност. Држава која промовира нулта

толеранција кон корупција и ефикасно се справува со организираниот

криминал.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија исто така информира дека со

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ е разговарано и за одредени ресори, но тие во овој момент

не се докрај дефинирани, ниту потврдени, а разговорите ќе продолжат во

наредните денови.

ЗНАМ потенцира дека во духот на транспарентноста во работата и почитта

кон граѓаните и јавноста, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија,

навремено и точно ќе ги соопшти сите детали за кои е постигнат конечен

договор за соработка и учество во идната влада.

— реклама —

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија како политички субјект има

квалитетни кадри кои можат да одговорат на предизвиците со кои се

соочува државата во било кој ресор.

Конкретните кадровски решенија и одлуките за тоа ќе ги донесат органите

на Движењето ЗНАМ, низ доодветна интерна партиска процедура и истите ќе

бидат соопштени во јавноста.

Секоја шпекулација за одредени имиња и ресори Движењето ЗНАМ – За наша

Македонија ги оценува како неточни и невистинити.”, велат од Движење ЗНАМ – За наша Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd9pops6u80lj6lr8Cyw

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
gerasimovski-centar-1

ЗНАМ го обвини Герасимовски за цензура: Снимката прекинува додека советничка зборува за ДУП „Барутана“

Скопје | пред 1 седмица

maksim

„Македонија е наша татковина, иднината е наша заедничка обврска“: ЗНАМ со честитка по повод Денот на независноста

Македонија | пред 2 седмици

maksim

ЗНАМ: Нема место за глорификација на воени злосторства во Македонија

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања