Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ЗНАМ со лажни обвинувања поради неспособноста на власта да обезбеди кворум, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pratenici-sobranie-levica

“Смешни се обвинувањата на ЗНАМ за тајна коалиција помеѓу Левица, СДС и ДУИ, а со цел, како што велат, блокада на работата на Собранието и блокирање на процесот за исплата на плати на околу 1000 инспектори во државните инспекторати. Нервозата кај власта е заради тоа што свикаа неделовнички седница, во петок, а пратениците беа известени само три часа пред почетокот на седницата. Сето ова доаѓа од тоа што министрите на ДПМНЕ и ЗНАМ доцнат шест месеци со консолидација на законите, односно околу 1000 инспектори не можат да добијат декемвриска плата затоа што министрите не ги направиле потребните измени согласно реорганизацијата на министерствата”, вели Левица и додава:

— реклама —

Ја потсетуваме власта, а особено нејзиниот најмал коалиционен партнер ЗНАМ, кој денес беше испратен да држи прес во одбрана на ДПМНЕ, дека согласно Законот за Собрание, петоците се определени како денови за средба на пратениците со граѓаните од нивните изборни единици, а на последната координација беше договорено во петок да нема седници. Иако бевме известени само три часа пред почеток на седницата пратениците на Левица беа во Собранието и со ниту една постапка не ја опструираа работата на истото. Работата на Собранието ја опструираа пратениците од власта кои со викања, колнења, пцовки и погрдни зборови најверојатно сакаа да предизвикаат инцидент за да ја прикријат својата неспособност. Кога не успеаја во тоа - ги испратија ЗНАМ да ја оцрнува Левица.

— реклама —

Пратениците од ЗНАМ ги советуваме петоците и тие да ги користат за контакт со граѓаните, со цел граѓаните конечно да ги запознаат нивните избраници, бидејќи, за жал, поради нивната пасивност, сервилност и не делување во Собранието, нивните имиња и ликови се сѐ уште се непознати на јавноста.

— реклама —

Левица веќе докажа дека е единствена автентична опозициона партија, во коалиција единствено со народот. Од друга страна, сите останати парламентарни партии, без разлика на нивната декларативна реторика - со своето делување повеќепати го потврдија постоењето на широката коалиција за лични и партиски интереси.

Потсетуваме дека Левица беше иницијатор на интерпелацијата поради која беше разрешена претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути - пратеничка од редовите на Европскиот фронт предводен од ДУИ. За оваа интерпелација поднесена од Левица, пратеничката група на СДС одби да гласа и ја напушти собраниската сала. Дополнително, не смее да се заборави фактот дека ДУИ секогаш стои на располагање за спас на владејачкото мнозинство формално составено од ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ, особено кога е потребно 2/3 мнозинство за носење закони.

Левица нема да биде замолчена од евтини и смешни манипулации и ќе продолжи да го брани интересот на народот, разобличувајќи ја неспособноста, хаосот и скриените сојузи во Собарнието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 час

media-librarytmc5j6u9laal2rNCEcu

Левица: Владата нема сериозна стратегија за справување со енергетската криза

Македонија | пред 3 часа

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: Од калкулации до амнезија – Мицкоски го поништи сопствениот став и ноншалантно им ги препушти калкулациите на граѓаните за да се снајдат за преживување

Македонија | пред 2 дена

media-librarykq3gs2lb45i4fI1OI4z

Политички препукувања го блокирале правосудниот испит, тврди Левица

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања