Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

Движење ЗНАМ до ВМРО-ДПМНЕ ја достави „Националната платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

IMG-b97e3d7e047d94d7ef6330a33ffcc759-V

Партиска делегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, во состав - Весна Бендевска и Павле Арсовски, потпретседатели и Горан Минчев, генерален секретар на партијата, денеска ја достави Националната Платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални интереси до ВМРО – ДПМНЕ.

Потпретседателката Бендевска изјави дека ќе ја доставвт Платформата до коалиционите партнери и на политичките партии за да се постигне национален консензус за клучните работи од интерес на државата, на внатрешен и на надворешен план.

„Започнуваме и ќе ја доставиме на рака на нашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ. Тие ќе се запознат со содржината, а потоа ние сме подготвени да разговараме и да ги објаснуваме позициите што се содржани во нашата понудена национална платформа“, рече Бендевска.

Запрашана дали очекуваат Платформата да ја прифатат од владиниот албански коалициски партнер Вреди, таа одговори дека ќе се разговара и со нив и додаде:

— реклама —

„Очекуваме да ја разгледаат и да дадат свои забелешки. Текстот не е конечен и ововзможува соработка. Конечно Македонија е мултикултурно и мултиетничко општество. Движење ЗНАМ за Наша Македонија, се обидува да ја врати државата, заедничка Македонија, на Крушевските принципи, на АСНОМ-ските принципи. Затоа откажувањето и пред да разговараме и да ја соопштиме содржината е претерано и избрзано. Верувам дека има можност, конечно сите сме одговорни за иднината на Македонија за нашите нови млади генерации“.

— реклама —

Во однос на ставот за отфрлање на предлогот од опозициските СДСМ и Левица Бендевска рече дека не треба да се избрзува.

„Потребно е да ја проучат Националната платформа и потоа да го кажат својот став. Може да се направи заеднички документ кој би им одговарал на сите“, потенцира таа.

— реклама —

Во однос на поддршката од Европскиот фронт, кој исто така ја отфрли Платформата, потпретседателката на ЗНАМ, Бендевска рече:

„Ние ќе направиме се'. И веруваме дека е можно да се најдат вистинските начини и Македонија да ја вратиме на вистинскиот пат, модерна, современа европска држава. Ќе си дадеме време. Ќе разговараме и подаваме рака на сите, бидејќи ова е навистина многу важен државнички чекор. Националната платформа е натпартиски, надетнички, над сите можни нивоа важна како чекор. Македонија прво треба национално внатрешно да се обедини за да зајакне нејзината меѓународна позиција“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd9pops6u80lj6lr8Cyw

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
gerasimovski-centar-1

ЗНАМ го обвини Герасимовски за цензура: Снимката прекинува додека советничка зборува за ДУП „Барутана“

Скопје | пред 1 седмица

maksim

„Македонија е наша татковина, иднината е наша заедничка обврска“: ЗНАМ со честитка по повод Денот на независноста

Македонија | пред 2 седмици

maksim

ЗНАМ: Нема место за глорификација на воени злосторства во Македонија

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања