Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ЗОО

shilegov-7

„Дали за Зоолошка однапред било планирано да стане кланица?“, прашува Шилегов

Ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, откри дека двојно биле намалени средствата за функционирање на скопската Зоолошка градина. Тој вели дека со тие пари требало да се купи храна за животните.„Во буџетот на Град Скопје за 2021 година, беа предвидени и исплатени околу 5-7.000.000 денари за функционирањето на Зоолошка. Тоа се средства кои се исплаќаат за да може Зоолошка нормално да функционира и нормално да се врши набавка на храна за животните.Во буџетот за 2022 за Зоолошка се предвидени 2.500.000 денари … Дали за Зоолошка однапред било планирано да стане кланица?“, прашува Шилегов.

Скопје | пред 3 години

zooloska-otcet

„ЗОО не е кланица“, се предлага нов директор, додека се коментираат убиените ждребиња и коњи

„Згрозени сме од денешните настани во Зоолошката градина во Скопје“. Ова е ставот на Анима Мунди, здружение за заштита на животните по свирепото убиство на 16 копитари (искористувани, мачени цел живот; меѓу нив и млади ждребиња), за кое се посочува дека е надвор од сите законски прописи и правилници.„Монструозната одлука на сега поранешниот директор Кристијан Стаменов е нешто невидено, нечуено и нешто што не смее да се случи во една јавна институција. ЗОО Скопје не е кланица, животните не се живи експонати! Ја поздравуваме одлуката на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска за брзата реакција и разрешување на овој човек на кој не смее никогаш повеќе да му се довери живот на животно - бараме институциите (МВР, АХВ) итно да постапат и најстрого го казнат директорот касап како и сите кои биле инволвирани, ставиле потпис, ја аминувале одлуката за колеж на животните!Сакаме јавно да апелираме до градското раководство дека на таква сензитивна позиција во чии раце ке биде животот на живи битија треба да биде исклучиво човек кој е докажан и покажан низ годините како емпатичен и крајно професионален , кој суштината на ЗОО Скопје ја гледа во рехабилитациона улога за животните и нивно оспособување за живот на слобода и враќање во нивниот природен хабитат секогаш кога е тоа можно, за што ја предлагаме Тина Мицкоска. Од нашето досегашно искуство Мицковска може да ја издвоиме како човек со огромно срце за животните за која примарен двигател била исклучиво нивната заштита , спасување, благосостојба.Се надеваме дека градот ке донесе исправна одлука за животните!“, велат Анима Мунди

Скопје | пред 3 години

skopska-zooloska

Разрешен директорот на Скопска зоолошка, бидејќи лавовите ги хранел со коњи

По скандалот кој денес ја потресе јавноста разрешен е вршителот на должност директор на Скопската зоолошка градина Кристијан Стаменов известуваат од Град Скопје и се оградуваат од индивидуално превземените дејствија на директорот.„Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука превземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува“, посочува Град Скопје.

Скопје | пред 3 години

skopska-zooloska

(ВИДЕО) Сечени катанците и пуштани животните од кафези во скопската ЗОО, сомневањата се за намерна саботажа

Непознати сторители влегле во скопската Зоолошка градина и ги сечеле катанците на кафезите на животните. Според директорот Кристијан Стаменов, тоа го сториле поединци, односно група на луѓе.„Најпрво на 10.04.2022 поединци направиле неовластен влез на група од дванаесетина луѓе, петнаесет минути пред затворање на градината. Истото е уредно пријавено и се повикани претставници од Министерството за внатрешни работи за увид во неовластениот влез на групата луѓе. На 28.04.2022 од службите во Зооолошката градина е направен увид во живеалишатта на животните и е констатирано дека се пресечени неколку катанци, по што биле пуштени неколку животни, во рамки на просторот во зоолошката градина. Истото е пријавено и констатирано рано утрото од страна на зоо негувателите кои дошле на работа дека се работи за видливо и намерно пуштање на неколку животни од нивните живеалишта“, пишува Стаменов.Исто така, имало обид да се ограби и благајната, за што е објавено и видео.„По рекордната посетеност во Зоолошката градина со над 14.000 посетители, на 09.05.2022 во 00:30 часот имаше обид да се обие влезната врата од благајната. Сторителот е фатен од безбедносните камери на Зоолошката градина како во два наврати се обидува да го обие влезот на благајната, претпоставуваме со цел да направи финансиска штета. Но, снимениот поединец останал само на обидот, затоа што како што се гледа на снимката не можел да го обие влезот на билетарата и благајната по што настаната е незначителна материјална штета. Истиот настан веднаш по случувањето уште вечерта е пријавен во полициска станица Карпош. Покрај тоа што сите овие настани се пријавени до надлежните органи за постапување, односно до Министерството за внатрешни работи, зголемена е будноста кај персоналот, а дополнително е зголемено и обезбедувањето во ноќната смена“, додаде Стаменов.Тој се сомнева во намерна саботажа.„Цениме дека сите овие обиди наликуваат на намерна саботажа на работата и функционирањето на самата Зоолошка градина, треба да се прашаме на кого му пречи успешноста на Зоолошката градина. Остро ги осудуваме сите овие обиди да се наштети на нашата работа, но и на безбедноста на животните, се надеваме дека службите од Министерството за внатрешни работи ќе работат интензивно на откривање на сторителите, со цел да се спречат и понатамошни вакви обиди.Сакам да потенцирам исто така дека и покрај овие обиди доколку вистина станува збор за саботажа на нашето работење и функционирање нема да не обесхрабрат, туку напротив ни даваат мотив плус да работиме уште повеќе за поубава и попосетена Зоолошка градина Скопје“, додаде Стаменов.

Скопје | пред 3 години

279926186_914749323258426_3886672421067424782_n

Тина од ЗОО Скопје: Жирафите обожаваат да јадат кромид и лук, ама здивот секогаш им мириса на ментол

Скопската зоолошка последниве години стана толку популарна што понекогаш за викенд доаѓаат и по десет илјади посетители. За животните од скопската ЗОО одамна пишуваат и светските медиуми, особено најпрестижните, кои објавија слики од беби-бумот кога за кратко време тука се родија 50-ина животни.Тина Мицковска четири години е пиар на Зоолошката. До неодамна не ни помислувала дека еден ден таа прва ќе ги споделува сите новости во јавноста. Неодамна тоа беа фотографиите од трите бели лавчиња што се родија во Зоолошката во Скопје по 20 години.„Реткост е да се родат бели лавови во зоолошка. Тие се загрозен вид, ловците на трофеи ги убиваат и мислам дека во природата слободно шетаат уште 13“, рече Тина за „Репортер“ и откри дека бебињата набргу ќе бидат пуштени во живеалиштето за да може да ги видат и посетителите.Додека се шетавме низ Зоолошката, Тина сподели приказни за животните. Вели дека кај лемурите владее матријархатот, а од нив луѓето ја научиле медитацијата и онаа типична поза да седат со рацете во скут. Ни откри и дека жирафите обожаваат да јадат кромид и лук, ама здивот секогаш им мириса на ментол. Често оди во нивното живеалиште, а некогаш само ги гледа преку оградата и им се восхитува.„Кога почина Тогобо, не можевме со месеци да се смириме ни ние вработените ни Каспер и Флопи. Каспер цело време излегуваше од живеалиштето и го бараше Тогобо. Јас мислам дека три месеци немав сила да дојдам тука од што ми беше тешко. Затоа и следната тетоважа ќе ми биде токму тој“, раскажува таа со многу емоции за жирафата што пцовиса пред една и пол година.Животните ѝ се секојдневие, но покрај љубовта кон нив, тука е и музиката. Малкумина знаат дека Тина со години е диџеј. Обожава Евровизија и секоја година пушта музика на евровизиската журка во Скопје.„Забавата беше минатиот викенд. Ја испративме Андреа, слушавме евровизиски хитови, дојдоа многу фанови на Евросонг“, ни кажа Тина, која беше член на евровизиското жири во 2019 година кога Тамара ја пееше Proud.„Неверојатно беше чувството кога почнаа да се нижат дванаесетките и жал ми е што Белорусија погрешно ги прочита гласовите, па дури потоа дознавме дека Македонија била прва од жирито“, вели Тина.За тоа како реагираат животните кога има земјотрес, зошто луѓето ги оставаат своите миленици во Зоолошката, колку се популарни пингвините и зошто негувателите не ги викаат веќе по имињата од филмот „Мадагаскар“, има интересни муабети. Но, и за родителите што прават проблеми повеќе од децата, за бездомните кучиња што ги чува пред зграда со сите соседи и како е кога некој ќе фрли отров, но и колку често луѓето ѝ бараат помош за своите миленици... Гледајте го интервјуто.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања