„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

зоо

berberski-ovci

Угинаа животни во скопската ЗОО, сомнежот е дека станува збор за труење

Повторно угинаа животни во скопската Зоолошка градина. „Скопје1“ дознава дека станува збор за над пет берберски овци. Од Зоолошката градина ја потврдија информацијата, и посочуваат дека се сомневаат на труење. И за овој случај, не се објави додека не испративме прашања до раководството. Берберските овци угинале пред шест дена.„Во вторникот, во живеалиштето на берберски овци при редовна утринска контрола пронајдовме угинати животни, кои немаа видливи знаци на повреди, ниту пак претходно покажале знаци на болест. Веднаш беа повикани инспектор од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, кои направија целосен увид на лице место и ја отпочнаа постапката за обдукција на угинатите единки“, велат од Зоолошката градина.Прашани за причината за смртта, велат дека тие се отруени.„Причината за смртта ќе биде соопштена кога ќе бидат направени сите анализи и ќе ги добиеме резултатите од обдукцијата. Се сомневаме дека станува збор за труење од гранки од растението тиса (taxus baccata) кое може да биде отровно за животните, додаваат од ЗОО Скопје.Во изминативе над три години, угинаа жирафите, тигрицата, пингвин, имаше кланица со расните коњи. Евтаназирана беше и слоницата Дуња.Досега, градоначалничката Данела Арсовска не побара никаква одговорност од в.д. директорот Зоран Попов кој и натаму е на чело на оваа јавна установа.

Скопје | пред 10 месеци

arsovska-1

Манипулативни, тенденциозни и ги отфрламе обвинувањата дека Зоолошката градина е позната како куќата на стравот, вели Арсовска преку адвокат

Градоначалничката Данела Арсовска и Зоолошката градина го демантираат советникот во Град Скопје Стефан Ќирков кој речe: „Зоолошката градина е позната како куќата на стравот и тоа доволно кажува за владеењето на Арсовска“.„Тврдењата кои ги пронесувате од лицето Стево Ќирков дека „Зоолошката градина е позната како куќата на стравот, и дека менаџментот на зоолошката градина и градоначалничка не си го сака Скопје и зоолошката градина, со тоа што направи низа промени на директори таму од причини познати само кон неа“, се манипулативни, тенденциозни и категорично ги отфрламе обвинувањата како неточни и невистинити“, вели лицето Трајче Арсов кој се претставува како нејзин адвокат заканувајќи се дека со тужба за навреда и клевета во нејзино име и во име на ЗОО-Скопје.

Скопје | пред 11 месец

galetanovski

Галетановски ќе ја тужи ЗОО и администрацијата: најави гонење за три сериозни дела

Ексдиректорот на Зоолошка градона, Ѓорѓи Галетановски кој аплицираше на оглас за нов избор на директор распишан од Град Скопје чиј градоначалник е Данела Арсовска, ќе поднесе кривични пријави. Неговиот допис во целост:„Сакам да ја известам јавноста дека По поднесување на целокупна документација од моја страна и по оглас кој е отворен до 14.08.2024 година, jaс сеуште немав официјален одговор. Законот вели дека Доколку не се се спроведе огласот, како што беше случај, документацијата доставена не смее да биде отворена, туку веднаш вратена до мене.Еднаш отидов на лице место да си ги побарам назад документите при што не сакаа да ми ги вратат ми рекоа дека не смеат да ги отворат и дека ќе ме известат на меил за после месец дена сепак да ги отворат на своја рака и да ме известат дека ми ги испратиле назад, наместо да ме повикаат да си ги подигнам, ми ги испратиле по пошта, а до денес документите не ми се стигнати, односно не знам дали се испратени и каде ми се сите оригинални документи.Бидејќи мојата документација е отворена, неовластено и незаконски без управен одбор и воедно моите лични податоци се злоупотребени, прво ќе пријавам во ДЗЛП, а по нивен одговор, ќе поднесам кривична пријава до ЗОО и до вработените во администрација кои ги отвориле документите.Ќе пуштам тужба и за надомест на штета, поради повреда на правото на заштита на личните податоци, губење на документи и злоупотреба на лични податоци од неовластени лица, имајќи во предвид дека и Град Скопје и ЗОО се одговорни при спроведување на постапка за избор и доколку ја добијам истите средства ќе ги донирам на сметката на вработените на ЗОО Скопје.Овие тужби ќе бидат добиени и ќе бидат пример како треба да се однесува градската администрација со правата на секој еден вработен“.

Скопје | пред 1 година

petardi

„Милион птици угинуваат од стрес, кучињата и мачките можат да добијат удар“ - кампања против петардите

„Месец декември го посветуваме за зголемување на свеста за последиците од употребата на пиротехнички средства во овие денови на празнични прославувања“, велат од скопската ЗОО и додаваат:Ајде заедно да кажеме СТОП ЗА ПЕТАРДИТЕ И ОГНОМЕТИТЕ кои освен тоа што се опасна „играчка" за најмладите и може да дојде до страшни повреди, се погубни и за животинскиот свет.Употребата на пиротехнички средства е опасна затоа што:-Милиони птици угинуваат од стрес, или исплашени ги напуштаат своите гнезда со малечки за кои потоа нема кој да се грижи и умираат од глад и дехидрација-Кучињата и мачките може да доживеат огромен стрес или во најлош случај срцев удар од страв-Дивиот свет исто така страда. Бучавата и светлината ги вознемируваат до степен да може да настапи смрт, но и да ги напуштат своите малечки кои потоа страдаат-Се создава загадување на воздухот преку испуштање на отровни хемикалии, но и загадување со бучава-Децата може да се повредат и да останат со ампутирани делови од телото-Кај возрасните луѓе со ПТСР (PTSD) поттикнува поголема анксиозност-Силниот звук има огромно влијание кај дечиња со потешкии во развојот или пак со аутистичен спектар на нарушување, а празничниот период не треба да им носи трауми поради петардите-И животните во ЗОО Скопје доживуваат голем стресЗатоа апелираме сите заедно да се вклучиме во оваа кампања и оваа година рекордно да ја намалиме употребата на пиротехника.Се надеваме дека што повеќе училишта ќе се вклучат во заеднички активности со Скопје ЗОО, а како прва „задача" за сите основци и средношколци предлагаме да бидат креативни и да направат цртежи на темата „КАЖИ СТОП ЗА ПЕТАРДИ И ОГНОМЕТ".На крајот од месецот, пред Нова Година ќе направиме изложба со најдобрите цртежи во просторот на градината.Сите креативни граѓани може да изработат и да ни испратат и едукативни илустрации на zooskopje@zooskopje.com.mk , кои потоа како постери ќе се најдат низ секое маало!И за крај, уживајте во празнувањето на празниците, но оставете ги и другите да уживаат.Стоп за пиротехничките средства!

Македонија | пред 1 година

B630A5ED-6BF9-4200-ACFE-74B8D3D5B613_1_105_c

На Зоолошка и се заканува клуч на врата, без Управниот одбор, кажа и Јанчева

Советничката на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, рече дека лошите состојби во Зоолошка градина се нешто ново, а не стара состојба. Со изгласување на оставките на Управниот одбор, Зоолошката ќе остане без орган на управување и тоа според неа е клуч на врата.„Со тоа што го изгубивме кандидатскиот статус на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА) имаме мораториум, а денеска со изгласување на оставките на Управниот одбор - сами ќе и ставиме мораториум. Со ова приморано, ќе ставиме катанец на Зоолошка, без орган на управување. Ако сакате мерка и ја нарекувате мораториум, треба да дадете рок. Вака, во преносна смисла е катанец на Зоолошка. Не можеме да одиме против актот на основање. Нема потреба од квалификации кој сака и не сака животни, тоа е лично. Зоолошка е бренд и овде беше кажано дека ќе слави 100 години, прва е на Балканот“, рече Јанчева.Според неа, Советот има одговорност за состојбата во Зоолошка градина.„Укажувавме дека имаме директори кои законски не смеат да бидат в.д. директори, не слушнав од членовите на Советот кој не се партиски определени - аргумент да нѐ поддржат дека вршителот на должност е противзаконски поставен, траеше тоа еден или два мандати“, додаде Јанчева.

Скопје | пред 1 година

B630A5ED-6BF9-4200-ACFE-74B8D3D5B613_1_105_c

Вработени во ЗОО се оградија од раководството: Се прелеа чашата

Синдикалната организација на СОНК при ЗООЛОШКА градина, Скопје, го демантира соопштението за јавноста што е поставено на Facebook страната на ЗОО градина, дека таму влегле лица со оружје и извршиле масакр врз птиците без документи.„Тврдењата во Соопштението дека инспектори на Агенциата за храна и ветеринарство (АХВ), придружувани од лица со оружје упаднале во 300 Скопе и извршиле масакр врз птиците, без налог, решение или друг доказ се невистинити. Постапката беше уредно спроведена, со соодветна документација, согласно закон. Имено, од страна на надлежен официален ветеринар, спроведен е надзор во ЗОО Скопје и наредени се мерки за надзор на болеста, а согласно Законот за ветеринарно здравство и Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста Авизарна инфлуенца (вирус на Птичіи грип). Агенцијата нареди и мерки за дезинфекција, испитување на другите птици присутни во 300 Скопе, зголемување на биосигурносните мерки и други мерки, со цел да се сузбие болеста и да се спречи нејзино ширеье надвор од 300 Скопіе кај животните и кај луѓето“, стои во демантот од членовите на СОНК – вработени во ЗОО Скопје.Тие додаваат: „Со цел да ја разјасниме ситуацијата во коа се наоѓаме, би сакале да потенцираме неколку работи. Во изминатиот период, ЗОО Скопе jа пратеа низа инциденти, позади кои сметаме дека стојат политички мотиви. Би сакале, како вработени во ЗОО Скопе, да jа известиме јавноста и да се оградиме од сите политички злоупотреби кои се ставаат на наш грб.Последниов инцидент, со упад на нашата facebook страна и нашата електронска пошта, преку која е испратено соопштението, но и видеата и сликите со вознемирувачка содржина, кон се пуштени во медиуми и на социјални мрежи, без согласност на лицата кон се поврзуваат во материјалот, jа прелеа чашата, за што вработените ќе преземат законски мерки против лицата кои го снимаа и го обавија видео материјалот“.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-20-at-11.22.56

Лути на раководството на Зоолошката, но и на АХВ - куп реакции за убивањето на птиците поради птичиј грип

Се бара одговорност за хаосот во Зоолошката градина. Реакции има од граѓаните, но и од политичките партии и здруженијата за заштита на животните. Утрово се огласија од ЛДП каде бараат одговорнсот за случувањата во неа.„Градската организација на ЛДП бара итно пломбирање на Зоолошката градина Скопје и преземање одговорност од надлежните лица за случувањата во неа. Целосна истрага и транспарентност се неопходни за да се осигура дека ризици по здравјето на луѓето и животните нема повеќе да се повторат. За хаосот кој владее треба да се има и чин на морална одговорност - оставка на градоначалничката на Скопје која законски има можност да ги поставува по сопствена одлука директорите на градските институции вклучително и на ЗОО која е подолго време оставена сама на себе. Градската организација на ЛДП изразува длабока загриженост за вчерашната вест за птичји грип, како и за низа настани и скандали кои ја следат скопската Зоолошка градина. Здравјето на посетителите децата и вработените е сериозно загрозено поради сомнеж за појава на птичји грип, дојде до итна евакуација на истите, но не смее да се заборават и животните кои секојдневно полека умираат во тоа мачилиште. Веќе неколку пати алармираме за проблемите со управување на Зоолошката градина, но инцидентите продолжуваат – од смртта на жирафите, тигрицата, слоницата, лавот до актуелниот ризик од зарази како птичји грип. Одговорност мора да има“, велат од ЛДП.Птичји грип не се превенира со кршење вратови, фрлање живи во канта и стрелање со пушки, велат од Анима мунди, кои исто така повикуваат на одговорност.„Иако во Македонија не е забележан ниту еден случај на птичји грип кај домашната живина и вирусот на птичји грип е речиси без никаква опасност по здравјето на луѓето, за само еден ден направен е масакар врз птици во Зоо Скопје. Поточно, што е видливо и на овие грозоморни видеа, најсурово – со пушки, кршење вратови, фрлање живи во канти за ѓубре - се ликвидирани 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата. Прашуваме кој извршил тестирање и докажал присуство на птричји грип и кој се шансите да не се во право? Кои се шансите во ЗОО Скопје, каде не е извршен увоз на ниту една птица периодов; да се пријави птичји грип, а никаде во државава да го нема?Прашуваме, дали птичји грип фаќаат само небитни живи битија, небитни животи кои немаат економска вредност - гуски, патки, чавки, кокошки - или фаќаат и орли, мршојади, ара папагали , птици кои се заштитени со закон, ретки видови птици пред истребување? Како тоагаш тие во ова лудило спасиле жива глава, или е во прашање страв од јавноста, домашна и странска која како никогаш до сега е во шок и ова најостро го осудува! Не само тоа, страв од сериозна правна, кривична одговорност во случај кога вака би ликвидирале со закон заштитени птици! Бараме ова лудило да запре, бараме комплетна транспарентност, документи на увид, имиња и презимиња/ евиденција за тоа кој констатирал и докажал птичји грип и најстрога одговорност доколку се докаже дека не се во право“, велат од Анима мунди.Реакции има и од граѓани.„Видео материјалот кој прикажува брутално постапување кон животните, како во овој случај со птиците во зоолошката градина, би можело да се смета за кршење на законот за заштита и благосостојба на животните... Според овој закон, е забрането непотребно малтретирање, мачење и нанесување болка на животните. Исто така, законодавецот стипулирал од истиот закон, дека секое убивање на животно мора да се спроведува хумано и со минимално страдање... Понатаму, Кривичниот законик, каде што се регулира „Малтретирање на животните.“ Државниот инспекторат за животна средина, да си ги проверат протоколите дали при отстранување на животни под сомнеж на птичји грип се почитувале законските пропишаните протоколи за хумано отстранување“, пишува Мартин Тасевски.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-44-4680PM

Смртоносна бактерија „птичји грип“ е најдена во Зоолошка градина Скопје, затворена е за посетители, тврди Галетановски

Ексдиректорот на Зоолошка градина-Скопје, Ѓорги Галетановски тврди дека бактерија „птичиј грип“ е најдена во оваа установа и дека таа е затворена за посетителите.„Смртоносна бактерија „птичји грип“ е најдена во Зоолошка градина Скопје. Во моментов Зоолошка е затворена посетителите евакуирни инспектори се веќе влезени.Ги замолувам посетителите и колегите сите што ја посетиле деновиве да се проверат“, објави Галетановски.„Скопје1“ побара став од директорот на ЗОО, Зоран Попов околу ова тврдење, засега, нема одговор.

Скопје | пред 1 година

zoo

АХВ во ЗОО, институцијата затворена: се проверува сомнежот за присуство на птичиј грип

Агенцијата за храна и ветеринарство од утрово е во скопската Зоолошка градина. Од таму се земаат примероци за испитување, со цел, проверка дали има присуство на птичиј грип.Инспекторите ја испразниле зоолошката, со цел да се извршат сите проверки, па да се потврдат или негираат сомнежите за ова заболување кое се пренесува на луѓето.„Скопје1“ побара став од директорот на ЗОО, Зоран Попов, кој не одговара на пораката. До овој момент, нема информација ниту од Град Скопје, под чии ингеренции е Зоолошката градина.Исконтактиравме и со Оливер Миланов, директор на АХВ, кој е на лице место, но во моментот не ни одговори на позивите.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-19-184146

АХВ придружувани од лица со оружје упаднаа во ЗОО Скопје и извршија масакр врз птиците, обвини Зоолошка градина

„Повторно се потврдува секташката политика на Владата на Христијан Мицкоски“, велат од ЗОО-Скопје и додаваат:„Имено, од изутринава без налог, решение или било каков друг доказ инспектори на АХВ придружувани од лица со оружје упаднаа во ЗОО Скопје и извршија масакр врз птиците. Без образложение, овие лица по наредба надиркторот на АХВ, а без доказ до овој момент убија неколку десетици птици кои слободно се шетаа во зоолошката градина.Станува збор за украсни видови на шатки и гуски кои живеат во градскиот парк, а имаат природен пристап во зоолошката градина од градскиот парк.Целта на оваа секташка политика е да се предизвика нов измислен проблем, и да се обезбеди алиби за затварање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот. За оваа дело ЗОО Скопје ќе поднесат кривични пријави против директорот на АХВ како и до инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа во ЗОО Скопје”.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-15-at-18.26.55

Угина и лавот во ЗОО-Скопје

„Со големо жалење и тага ве информираме дека денеска на 16годишна возраст не напушти нашиот лав Жика, кој во Скопје беше дојден од зоолошката во Белград“, велат од Зоолошката градина-Скопје.Тие додаваат: „Лавовите во природа живеат од 10 до 14 години, а нашиот Жика имаше 16. Лавот Жика со оглед на длабоката старост, изминатата година почна да развива тумороидни израстоци на повеќе места на телото, за кои што во февруари со целосен тим на професори и ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина беа извршени хируршки интеревенции и истите беа отстранети, но изминатите два дена состојбата се влоши и веднаш беше реагирано од страна на тимот на ЗОО Скопје, заедно со тимот на ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина. Сите заедно направивме се што можевме, лавот примаше терапија, но за жал не издржа.Секогаш грациозен, со својата величенствена грива го привлекуваше вниманието на сите посетители. Го сакаа и децата и возрасните, а најмногу вработените. Ова е голема загуба за сите нас“.Пред него, еватаназираша беше слоницата, а угинаа и две жирафи.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-17-at-12.04.26

(Видео) „Угина мечката која живееше во 10 квадрати кафез, во заробеништво и измачување во ЗОО-Битола“, објави Соколов

Угина мечката во Зоолошката градина во Битола, објави активистот за правата на животните од „Анимал војс“, Леонардо Соколов. Тој посочува дека скандал по скандал се трупаат на оваа градина за животни. Смета дека нехуманиот третман има најголема улога во случувањата.Интегрално ви ја пренесуваме објавата:„Скандал по скандал, ја следат Зоолошката градина во Битола. Животните кои со децении се чуваат како затвореници, во крајно нехумани услови, во мали кафези, без потребната нега, умираат едно по едно, а зоолошката продолжува да зема нови животниПред неколку дена, угина мечката која живееше 40 години во битолската зоолошка, живееше во 10 квадрати кафез, со базен кој никогаш не видел вода, угина мечето кое се радуваше кога некој ќе му посветеше внимание, кое се радуваше кога ќе беше прскано со црево вод… Угина во заробеништво, во измачување, сама, остана само празниот кафез кој секогаш ќе говори за измачувањето на мечето… Дали ветеринар извршил преглед, дали ветеринар пробал да ја спаси, дали умрела од старост или од нешто друго? Се е непознато, бидеќи Зоолошка Градина Битола која што е официјална страна, нема излезено со објава за угинатото животно, јавноста не е информирана!Целата работа во зоолошката, ја извршуваат неколку вработени, кои конец со конец врзуваат за да се справат со сите животни, зоолошката нема доволно негуватели, нема ветеринар кој постојано е во зоолошката, кафезите се премали, животните живеат во фекалии, се мачат се додека не умрат, дали од старост, или од болести кои ги фаќаат како резултат на нехигиенски живеалишта!Моментално, зоолошката ја красат неколку празни кафези, кои некогаш беа полни, и говорат за измачениот живот на животните кои биле заробени таму, но сигурен сум дека наскоро повторно ќе се наполнат, и како традиција повторно ќе умираат животни во истите!Утре ќе биде испратено барање од јавен карактер, да видиме колку животни угинале во изминатите години, каков третман добиле истите од страна на ветеринарна грижа пред да угинат, колку животни има зоолошката итн…“, напиша Соколов.

Македонија | пред 1 година

arsovska-dron

Попов на Данела се крие зад ЗОО за да врши притисок врз новинари: ќе беше попаметно да ги спасите животните кои се во лоша состојба!

Додека јавноста бара затворање на Зоолошката градина, одговори за угинатите животни, детали за нивното третирање, раководството се занимава со притисок врз медиуми и новинари. Ваков е заклучокот на нашата редакција откако до нас стигна информацијата за поднесена претставка од јавната установа до Агенцијата за воздухопловство против нашата новинарска екипа.Откако со снимки од дрон беа фатени како ја изнесуваат слоницата од Зоолошката и ја фрлаат во депонијата „Дрисла“, без да ја известат јавноста дека ја евтаназирале, погодени од тоа што јавноста ги осуди – тие се интересирале дали снимките се направени според прописите, наместо дали можат да се спасат останатите животни кои се во критична состојба. Веројатно, заборавиле на клучното – ова нема да ја смени суштината, дека до моментот на снимките, криеја дека слоницата е мртва, но и дека јавноста е гневна на Зоолошката поради низата случувања во неа. Да потсетиме дека од нив се очекува подобрување, а не влошување на состојбата во јавната установа, како и условите за работа на вработените.[caption id="attachment_299726" align="alignnone" width="1630"] Пријавата поднесена од ЗОО по која се постапуваше[/caption]Обидот за заплашување не им успеа, бидејќи екипата на „Скопје1“ секогаш постапува според законските прописи. Па така, нивните прашања дали дронот е регистриран во Агенцијата за воздухопловство, дали било дозволено да се надлетува со него – ги добија одговорите кои не очигледно не ги очекуваа. Дронот не треба да се регистрира бидејќи е со тежина под 500 грама и брзина помала од 19 м/секунда. И сето ова го прават криејќи се зад јавната установа Зоолошка градина.[caption id="attachment_299727" align="alignnone" width="1630"] Одговор од редакцијата на „Скопје1“[/caption]Зоран Попов, директор на градоначалничката Данела Арсовска, пријавата до Агенцијата ја поднел во име на Зоолошката градина, но и самиот знаел дека надлетувањето над јавната установа не е спорно. Па барале друг начин за да извршат притисок врз нашиот медиум и укажувале дека летањето не смее да биде во близина на Министерството за одбрана како орган од витално значење. Но, „Скопје1“ го запази и овој момент. Очигледно не знаеле дека дроновите од фирмата DJI имаат заклучени т.н. „гео зони“, каде прелети не се дозволени, особено кај објекти од витално значење. Па, дури и да сме сакале да го добилижиме до таму, тоа би било неуспешно бидејќи дронот не би ги извршил командите. Но и без тоа, запазено е растојанието по воздушна линија од објектот на Министерството.[caption id="attachment_299728" align="alignnone" width="1162"] Мапата на дозволени и недозволени зони по која работи и DJI[/caption]Го потсетуваме раководството на Зоолошката градина и Зоран Попов, директор на Данела Арсовска, дека криењето зад институциите за пресметка со новинари кои известуваат на теми од широк јавен интерес за нас претставува притисок и обид за замолчување. Попов, раководството и Арсовска да бидат свесни дека функциите не се вечни и дека одговорноста секогаш има име и презиме. „Скопје1“ ќе остане на страна на граѓаните и ваквите чекори нема да не поколебаат и натаму да бидеме гласни критичари за секое постапување спротивно на интересите на граѓаните. Во иднина ќе бидеме уште погласни и потемелно, одблизу ќе го следиме работењето на Зоолошката градина и Град Скопје.Со оглед дека Попов, директорот на Арсовска, криејќи се зад Зоолошката градина поднесе претставка која ја цениме како обид за замолчување, откако истиот новинар во четири наврати ги открива угинатите животни додека јавната установа молчеше, најавуваме дека за овој потег ќе ги известиме сите домашни и меѓународни институции кои се грижат за слободата на говорот, како и странските амбасади.Претходно објавивме дека во сериозно лоша состојба се шимпанзото Мими, јагуарката, но и морскиот лав Кан. 

Скопје | пред 1 година

galetanoski

„Животните живееа подобро во мандатот на Чомбе него ние денес во мандат на Данела“, напиша Миа Костова со поддршка за враќање на Галатановски во ЗОО

Дестина јавни личности, граѓани и посетители на Зоолошката градина во Скопје застанаа зад ексдиректорот Ѓорги Галетановски и неговата апликација за се врати на позицијата која извршуваше во институцијата. Пофалбите на негова сметка одат бидејќи додека тој беше директор, Зоолошката градина имаше најголем пораст на посетители, стана атракција, а во неа се вложуваа и значителни средства за анимација на младите. Меѓудругото, беа вработени и ЗОО-негователи кои со години беа надвор од институцијата, поради тоа што претходните раководители во нив не сакаа да го видат потенцијалот и љубовта кон животните.„Госпожата во заминување да ја памтиме по барем по едно добро - спасот на ЗОО. Животните живееа подобро во мандатот на Чомбе него ние денес во мандат на Данела“, напиша познатата водителка и инфлуенсерка, Миа Костова на нејзиниот „Инстаграм“ профил.Не изостана поддршката и од бројни музичари како Марко Мариковиќ-Слаткар, Тамара Тодевска, но и спортисти како Тамара Тодевска.Ексдиректорот на Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски-Чомбе, аплицирал за директорската позиција, откако градоначалничката Данела Арсовска распиша оглас. Тој за ова обзнани на „Фејсбук“. Во текот на неговиот мандат, кога градоначалник беше Петре Шилегов, Галетановски направи крупни промени во институцијата, која беше симбол на градот. Апликацијата за директор, доаѓа откако угинаа двете жирафи, евтаназиран е слонот, месецов угина и бизонот, но и орелот кој беше спасен и транспортиран таму.„Денес на ден 13.08.2024 поднесувам документи на огласот на град Скопје за директор на Зоо Скопје. Се одважив и поднесувам во името на многу засегнати граѓани на Скопје и Македонија кои ми пишаа деновиве но најповеќе поради животните и моите колеги кои заслужуваат мир благосостојба и услови достојни за нив. Барам од градоначалничката Данела Арсовска и советот на Град Скопје мандат од една година во кој тврдам и ветувам дека со моите колеги и многу општествено одговорни компании и јавни личности од државава ќе ги подобрам условите и ќе ја вратам нивната и гордоста на Зоо Скопје. Подолу во коментар ќе ја објавам мојата кратка програма да ја прочитаат сите, транспарентно како што работевме до 2022“, напиша Галетановски.

Скопје | пред 1 година

94337108_3092687747460471_4774830080583008256_n

Галетановски ќе ја спасува ЗОО: поднел апликација за директор, и укажа на Данела дека ќе ја врати гордоста на институцијата

Ексдиректорот на Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски-Чомбе, аплицирал за директорската позиција, откако градоначалничката Данела Арсовска распиша оглас. Тој за ова обзнани на „Фејсбук“. Во текот на неговиот мандат, кога градоначалник беше Петре Шилегов, Галетановски направи крупни промени во институцијата, која беше симбол на градот. Апликацијата за директор, доаѓа откако угинаа двете жирафи, евтаназиран е слонот, месецов угина и бизонот, но и орелот кој беше спасен и транспортиран таму.„Денес на ден 13.08.2024 поднесувам документи на огласот на град Скопје за директор на Зоо Скопје. Се одважив и поднесувам во името на многу засегнати граѓани на Скопје и Македонија кои ми пишаа деновиве но најповеќе поради животните и моите колеги кои заслужуваат мир благосостојба и услови достојни за нив. Барам од градоначалничката Данела Арсовска и советот на Град Скопје мандат од една година во кој тврдам и ветувам дека со моите колеги и многу општествено одговорни компании и јавни личности од државава ќе ги подобрам условите и ќе ја вратам нивната и гордоста на Зоо Скопје. Подолу во коментар ќе ја објавам мојата кратка програма да ја прочитаат сите, транспарентно како што работевме до 2022“, напиша Галетановски.Тој за „Скопје1“ додава и: „Мојата визија е враќање на кандидатурата во ЕАЗА и дистанцирање на ЗОО-Скопје од политички влијанија“.Освен за ЗОО, Арсовска има распишано огласи за дирктори и во други претпријатија.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања