Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ЗОО

galetanoski

„Животните живееа подобро во мандатот на Чомбе него ние денес во мандат на Данела“, напиша Миа Костова со поддршка за враќање на Галатановски во ЗОО

Дестина јавни личности, граѓани и посетители на Зоолошката градина во Скопје застанаа зад ексдиректорот Ѓорги Галетановски и неговата апликација за се врати на позицијата која извршуваше во институцијата. Пофалбите на негова сметка одат бидејќи додека тој беше директор, Зоолошката градина имаше најголем пораст на посетители, стана атракција, а во неа се вложуваа и значителни средства за анимација на младите. Меѓудругото, беа вработени и ЗОО-негователи кои со години беа надвор од институцијата, поради тоа што претходните раководители во нив не сакаа да го видат потенцијалот и љубовта кон животните.„Госпожата во заминување да ја памтиме по барем по едно добро - спасот на ЗОО. Животните живееа подобро во мандатот на Чомбе него ние денес во мандат на Данела“, напиша познатата водителка и инфлуенсерка, Миа Костова на нејзиниот „Инстаграм“ профил.Не изостана поддршката и од бројни музичари како Марко Мариковиќ-Слаткар, Тамара Тодевска, но и спортисти како Тамара Тодевска.Ексдиректорот на Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски-Чомбе, аплицирал за директорската позиција, откако градоначалничката Данела Арсовска распиша оглас. Тој за ова обзнани на „Фејсбук“. Во текот на неговиот мандат, кога градоначалник беше Петре Шилегов, Галетановски направи крупни промени во институцијата, која беше симбол на градот. Апликацијата за директор, доаѓа откако угинаа двете жирафи, евтаназиран е слонот, месецов угина и бизонот, но и орелот кој беше спасен и транспортиран таму.„Денес на ден 13.08.2024 поднесувам документи на огласот на град Скопје за директор на Зоо Скопје. Се одважив и поднесувам во името на многу засегнати граѓани на Скопје и Македонија кои ми пишаа деновиве но најповеќе поради животните и моите колеги кои заслужуваат мир благосостојба и услови достојни за нив. Барам од градоначалничката Данела Арсовска и советот на Град Скопје мандат од една година во кој тврдам и ветувам дека со моите колеги и многу општествено одговорни компании и јавни личности од државава ќе ги подобрам условите и ќе ја вратам нивната и гордоста на Зоо Скопје. Подолу во коментар ќе ја објавам мојата кратка програма да ја прочитаат сите, транспарентно како што работевме до 2022“, напиша Галетановски.

Скопје | пред 1 година

94337108_3092687747460471_4774830080583008256_n

Галетановски ќе ја спасува ЗОО: поднел апликација за директор, и укажа на Данела дека ќе ја врати гордоста на институцијата

Ексдиректорот на Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски-Чомбе, аплицирал за директорската позиција, откако градоначалничката Данела Арсовска распиша оглас. Тој за ова обзнани на „Фејсбук“. Во текот на неговиот мандат, кога градоначалник беше Петре Шилегов, Галетановски направи крупни промени во институцијата, која беше симбол на градот. Апликацијата за директор, доаѓа откако угинаа двете жирафи, евтаназиран е слонот, месецов угина и бизонот, но и орелот кој беше спасен и транспортиран таму.„Денес на ден 13.08.2024 поднесувам документи на огласот на град Скопје за директор на Зоо Скопје. Се одважив и поднесувам во името на многу засегнати граѓани на Скопје и Македонија кои ми пишаа деновиве но најповеќе поради животните и моите колеги кои заслужуваат мир благосостојба и услови достојни за нив. Барам од градоначалничката Данела Арсовска и советот на Град Скопје мандат од една година во кој тврдам и ветувам дека со моите колеги и многу општествено одговорни компании и јавни личности од државава ќе ги подобрам условите и ќе ја вратам нивната и гордоста на Зоо Скопје. Подолу во коментар ќе ја објавам мојата кратка програма да ја прочитаат сите, транспарентно како што работевме до 2022“, напиша Галетановски.Тој за „Скопје1“ додава и: „Мојата визија е враќање на кандидатурата во ЕАЗА и дистанцирање на ЗОО-Скопје од политички влијанија“.Освен за ЗОО, Арсовска има распишано огласи за дирктори и во други претпријатија.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-08-08-at-21.15.47

Орелот кој угина во ЗОО бил во лоша состојба и млад, штом бил лесно уловен, велат од Македонско еколошко друштво

Македонското еколошко друштво за случајот со пцовисаниот орел во ЗОО Скопје: Во Македонија недостига центар за рехабилитација на диви животни„Во Македонското еколошко друштво од граѓаните ширум државата често пристигнуваат дојави за пронајдени повредени диви животни. Нашиот тим многупати досега направил се што може за да им помогне, во рамките на нашите познавања и ресурси, иако тоа е многу поразлично од нашите редовни обврски. За жал, можеме да издвоиме ресурси само за единки кои припаѓаат на исклучително засегнати видови (со мала бројност во земјата). Во неколку наврати изминативе години МЕД и Зоолошката градина во Скопје помогнале да закрепнат единки на белоглави мршојадци, штркови и други видови, единки кои потоа биле успешно вратени во природата“, велат од Македонското еколошко друштво.„Како и во минатото, овој понеделник Македонското еколошко друштво доби дојава за повреден царски орел на локалитетот Пониква. Станувше збор за млада единка, најдена од доброволното пожарникарско друштво. МЕД ги упати пожарникарите во Зоолошката градина во Скопје, каде што орелот беше згрижен, но за жал набрзо почина. Самиот факт што пожарникарите доброволци успеале да го фатат орелот, зборува за тоа во колку лоша состојба се наоѓал. Резултатите од рентген снимките покажаа дека не бил жртва на огнено оружје, и немал скршеници.Стапката на смртност на младите грабливи птици е многу голема во природата. Кај конкретниот вид, само 10-20% од сите пролетани млади птици ќе дочекаат возраст за репродукција (3-4 години старост). И покрај тоа, заради долговечноста на возрасните единки, доколку заканите се мали, популацијата се одржува стабилна, или расте, како што тоа беше случај во Македонија до пред неколки години. За жал, во последниве неколку години гледаме благо намалување на бројноста, што најверојатно се должи на промените во живеалиштата, намалувањето на изворите на храна, колизиите и струјните удари со енергетската инфраструктура, но првенствено на опасноста од отровни мамки поставени за труење на волци и кучиња. Непознати остануваат ризиците од пестицидите кои се користат во земјоделството, и од конзумирањето на оловни сачми останати во телата на животни кои биле цел на лов.Во отсуство на центар за рехабилитација на центар за диви животни, Зоолошката градина во Скопје ги има најдобрите услови за закрепнување на ваквите животни, затоа ги поздравуваме нејзините напори за да помогне. Македонскиот систем не е подготвен соодветно да реагира на случаи во кои се повредени диви животни. За разлика од кај нас, во Бугарија и Грција постојат специјализирани центри за рехабилитација на диви животни. Кога на Шар Планина беше пронајдено повредено мече, нашиот тим најпрво го згрижи во Скопје, а потоа издејствува и транспорт на мечето во Грција, каде што тоа и покрај што беше со неподвижни задни екстремитети, со помош на специјализирана нега живееше уште шест години. Во 2017 година, кога добивме дојава за повредено младо од рис во Кичево, нашиот тим издејствува тоа да биде згрижено во Зоолошката градина во Скопје. И покрај големите напори, тоа беше во премногу лоша состојба и по само една недела угина.Телото на орелот моментално е предадено на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, каде што каде што ќе биде извршена обдукција, а резултатите ќе ги споделиме со јавноста и релевантите институции“, соопшти Македонско еколошко друштво.

Македонија | пред 1 година

slonica-1

Дали транспортот на слоницата до „Дрисла“ е според законите?

Зоолошката градина-Скопје е уверена дека транспортот на евтанизираната слоница до депонијата „Дрисла“ е согласно прописите. Во прописите пак, стои дека тоа треба да биде со возила непропустливи за течности, во амбалажа или покриени контејнери. Ова прашање се покрена откако слоницата беше однесена во Дрисла, без да се каже збор, а тоа се направи со камион на јавно претпријатие. Дури по медиумските објави, се огласија од ЗОО-Скопје.„Транспортот е извршен согласно законските прописи и правилници на АХВ“, велат од Зоолошката градина-Скопје.Прашањето за транспортот до депонијата е регулирано со Закон за нуспроизводи од животинско потекло.„Транспортните средства треба да се возила непропустливи за течности, или во запечатена нова амбалажа или во покриени контејнери, да се од материјал кој лесно може да се исчисти механички, да се измие и дезинфицира“, велат од АХВ.Според АХВ, обврска на секое одгледувалиште е да врши соодветно отстранување на мршите од угинатите животни. По обдуцискиот наод ќе се одлучи и дали има потреба од инспекциски надзор.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-08-08-at-21.15.47

(Видео) Во ЗОО угина и царскиот орел спасен на Пониква

Угина царскиот орел што беше спасен од пожарите на Пониква, на Осоговските Планини од страна на пожарникарите од Доброволното противпожарно друштво – Кочани, пишува „Гласно“.Птицата угинала вчера попладне во Зоолошката градина во Скопје каде беше сместена, потврдија од ДПД-Кочани. Царскиот орел е однесен на Факултетот за Ветеринарна медицина каде ќе се изврши обдукција за да се утврди причината за угинувањето. Од Македонското еколошко друштво ги известиле ДПД-Кочани и ја потврдиле информацијата за Државниот инспекторат за животна средина при што по завршување на обдукцијата ќе биде споделена информација за јавноста.

Македонија | пред 1 година

skopska-zooloska

Повеќе од месец се молчи дека угинал бизонот во Зоолошка, и други животни се во тешка состојба

Од воспаление на белите дробови угинал бизонот во Зоолошката градина, потврдуваат оттаму за „Скопје1“. Но нема одговор, зошто оваа информација се крие од јавноста, иако ова се случило пред повеќе од еден месец. Ниту известување, ниту соопштение, ниту информирање преку социјалните мрежи. Информацијата ја добивме по упатени прашања до скопската ЗОО – за која голем дел од граѓаните бараат да се затвори.„Согласно извршената обдукција и патохистолошкиот наод, од стручни лица по патолошка морфологија при факултетот за ватеринарна медицина, заклучено е дека бизонот угинал како резултат на хронично граниломатозно воспаление на белите дробови-actinomykocis, на возраст од околу четиринаесет година, просечна старост на бизоните е од десет до дваесет години“, велат од ЗОО-Скопје.Во тешка состојба се шимпазото Мими, јагуарката, но и морскиот лав Кан. Од ЗОО-Скопје се пожалија дека најчестите животни кои ги чуваат се стари и изнемоштени.„Имајќи во предвид дека не сме дел од Европската унија, а согласно политиките и стратегијата од ЕАЗА, кои до последно ги добивавме од нив, а сеуште постапуваме по истите, кај нас најчесто и во најголем број доаѓаа или исто полови групи или стари, изнемоштени и спасени животни.  Таков е примерот со циркуските слоници Дуња и Даела, дел од шимпанзата од лабораторија, во сериозна старост е нашата шимпанза Мими која со години прима терапија за срце, во иста таква старост е и нашата јагуарка, а во сериозна возраст е и нашиот морски лав Кан“, додаваат од ЗОО-Скопје.Откако беше евтаназирана слоницата во ЗОО, јавноста се крена на нозе. Таа е трето тропско животно за една година, по двете жирафи, кои зоолошката ги узгуби. Ова пак, предизвика и лавина реакции од јавноста.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-08-07-at-20.44.24

Немојте со навреди за колегите, слоницата беше од бебе окована во синџири, во Скопје доживеа длабока старост, коментира Мицковска од ЗОО

Портпаролката на Зоолошката градина-Скопје која не беше на работа кога била евтанизацијата на слоницата, алармираше до јавноста да не се навредуваат вработените во јавната институција. Таа посочи дека дека сите ја сакале, се грижеле максимално, а посочи дека претходно била окована во синџири и злоупотребувана во циркус.„Уште во 2018 година кога првпат се запознавме се спремав психички за овој ден бидејќи уште тогаш кажаа дека годините ти се броени, но за жал никогаш не се подготвив да те испратам, а и не успеав затоа што не сум во Скопје. Ќе речат старост, години колку човечки 100, но љубовта што ти ни ја даваше секојдневно е ненадоместлива... Ќе им фалиш најмногу на Боки и Виктор кои за тебе се грижеа секојдневно, а и на сите нас на кои ни беше омилена. Сите те разгалувавме бидејќи беше најстара жителка заедно со баба Мими шимпанзото, сите внимаваа да имаш комфорт, мир и спокој со оглед на мачниот живот што го имаше во минатото. Од бебе окована во синџири, принудена на циркуски точки и злоупотребувана за забава на циркуска публика, со живот поминат во вагон и патувања во студени краишта како Шведска, Германија, Норвешка заедно со твојата неразделна другарка Даела...Беше најголемата азиска слоница во Европа според Гинисовата книга на рекорди, но исто така и една од најстарите во светот. Доживеа длабока старост, овде во Скопје, но болката е преголема зошто ти беше животно со многу емоција во себе, небаре детенце со добра душа. Од тебе научивме многу работи, за тоа што е другарство, што е љубов и што е сочувство.Последните неколку години кога веќе почна да те фаќа сенилност знаеше на моменти да свириш со сурлата во празно како што тоа си го правела на усните хармоники поставени под шаторското крило на циркусот. Тогаш срце ми се кинеше кога ќе те видев... Не знам колку пати жива те преплакав за овие шест години, а можеш да замислиш како ни е сега на сите што те сакавме и колку солзи има за тебе. Ќе бидеш сега во рајот на слоновите, слободна без оковите на минатото.Најмила Дуња, џинот со добро срце- те сакаме. п.с Ве молам може да пишувате се, но немојте само навреди за моите колеги кои даваат се од себе за животните, а особено за Дуња цел изминат период и овој момент не скрши тотално...“, напиша Мицковска во јавниот статус.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-08-07-at-14.56.13

Итно да се затвори ЗОО-Скопје, годиниве се случува класичен помор на диви животни под неразјаснети околности, велат од Анима Мунди

Здружението за заштита на животните, Анима Мунди, бара итно затворање на Зоолошката градина во Скопје. Според нив, се случува класичен помор на дивите животни под неразјаснети околности и образоженија за кои јавноста се сомнева и е скептична.„Денешната вест за трагичната смрт на една од слониците Дуња во скопската зоолошка градина повторно разбуди бес и загриженост за благосостојбата на дивите животни кои под параван на "едукација и забава" се држени како затвореници во современа човечка творевина нималку слична на нивниот природен хабитат.Како некоја досега невидена и нечуена шема на смрт, се почесто низ годиниве наназад се случува класичен помор на дивите животни во ЗОО Скопје под неразјаснети околности и образложенија за кои јавноста е скептична и се сомнева дека позади сите овие трагедии се крие негрижа и неуспешно менаџирање.Бараме независна истрага од надворешни експерти за да се обезбеди објективност и темелност, да се утврдат основните причини за овој помор без разлика дали се поврзани со медицинска нега, услови за живеење или практики на управување.Бараме да биде даден на увид на јавноста извештајот од докторите по ветеринарна медицина од Белгија кои ја прегледале Дуња.Бараме ИТНО затварање на зоолошката градина во Скопје бидејќи условите не се во согласност со принципите на хуман и етички третман на животните и нималку се едукативни и забавни.Бараме релокација и рехабилитација на сите животни во надворешни акредитирани центри и резервати кои ги исполнуваат највисоките стандарди за грижа.Бараме одговорност за сите досега залудно изгубени животи и исполнување на се од горенаведеното како единствен начин за спречување на овој помор.Должни сте спрема јавноста, спрема тие диви животни со чие заробеништво со години профитирате да сте транспарентни!“, велат од Анима Мунди.

Скопје | пред 1 година

454493738_8236496723079522_6023687363494536903_n

Се огласија од ЗОО-Скопје: Не можеше да се спаси, одлуката да не страда е од белгиски тим

Скопската Зоолошка градина по еден ден откако ја евтанализрале слоницата, а по скоро шест часа откако телото го фрлија во депонијата Дрисла и „Скопје1“ го сподели ова, објавија што точно се случувало со неа. Тие тврдат дека тим од Белгија решил дека не може да се спаси со операција ниту третман.„Со голема жалост ве информираме дека во текот на вчерашниот ден (06.08.2024 год.), азиската слоница Дуња по насока на сопствениците кои ја позајмија на нашата зоолошка- „Pairi Daiza" од Белгија, одлучија со тимот експерти (ветеринар, офтамолог и сениор зоо негувател на тимот за слонови) кои изминатите денови ја прегледуваа слоницата донесоа одлука за евтаназија на слоницатаНиту еден третман ниту операција не можеше да ја спаси, а одлуката на сопствениците од Белгија беше од стручниот меѓународен тим за да таа не страда.Последнава година слоницата Дуња појавуваше симптоми на длабока старост и изнемоштеност и се констатираа повеќе здравствени проблеми кај Дуња, типични за шеестгодишна слоница.Дуња скоро и да не гледаше, имаше проблеми со вилицата и забите, а ден претходно беше направен преглед и констатиран е комплексен дентален проблем.За процесот на обдукција и останките, Зоолошка градина Скопје ги следеше законите и правилата, како и консултации со тим од Факултетот за ветеринарна медицина.Инаку нашата Дуња најголем дел од својот живот го има поминато во шведски патувачки циркус, патувајќи низ цела Европа. Со забраната за користење на животни во циркуси точки, оттаму Дуња и Даела патуваат во Белгија, во еден од најубавите паркови за слонови во светот- „Pairi Daiza", каде се констатира дека за жал поради трауматичното минато двете слоници Дуња и Даела нема да можат да живеат во социјална група со други слонови.Оттогаш, во 2018 година доаѓаат во Скопје за да ги живеат нивните „пензионерски денови".Посетителите на Скопје ЗОО од 29.09.2018 имаа прилика да уживаат и да се едуцираат со нивното присуство, а од вчера ја имаме самп нашата африканска слоница Даела, за чиј статус дополнително ќе се одлучи заедно со европската група за слонови. Дуња, бескрајно ќе ни фалиш на сите, ни беше чест што имавме можност да се грижиме за тебе во твоите „пензионерски" денови“, велат од ЗОО-Скопје на „Фејсбук“.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-44-4680PM

Угинаа жирафи, тигри, пинвигини, прашање на време е кое животно ќе биде следно со оглед на третманот, реагира ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува загриженост за случувањата во скопската Зоолошка градина и бара одговорност во врска со последниот скандал на смртта на слоницата Даела.„Бидејќи не станува збор за прв случај, да потсетиме дека само пред некој месец угинаа жирафите, тигрицата, пингвин, кланицата со расните коњи а прашање на време е кое животно ќе биде следно со оглед на третманот и условите кои ги добиваат животните од страна на директорот и менаџментот на ЗООЛОШКА Градина под директно управување од градоначалничката Данела Арсовска и градот Скопје.Оттука ЛДП бара итно расчистување на случајот и транспарентност од страна на надлежните органи во врска со овие инциденти се со цел да се гарантира безбедноста и благосостојбата на животните во Зоолошката градина, но и на посетителите кои го користат ова место за рекреација.Либерално-демократската партија (ЛДП) бара оставка од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, поради нејзиното катастрофално менаџирање на градските институции и неспособност да се справи со проблемите на градот.Според ЛДП, проблемите не се само во ЗОО Скопје. Скопјани сведочат на секојдневни проблеми со хигиената, парковите и нивното одржување, ЈСП се претвори во претпријатие без автобуси со зголемени долгови од месец во месец. Лошото управување на јавните претпријатија под нејзина надлежност се главни причини за ова барање“, велат тие.

Скопје | пред 1 година

slonica-1

(Ажурирана) Вознемирувачко видео: Евтаназирана слоницата во ЗОО-Скопје: обид за тајно да се изнесе и однесе во Дрисла од директорот на Арсовска

Евтаназирана била слоницата во скопската Зоолошка градина, дознава „Скопје1“. Според наши информации од ЗОО, и покрај тоа што евтаназирана се случило измиантиот ден, јавноста не беше известена, а постапката за исфрлање на телото во депонијата Дрисла - испланирано. Утрово, околу 08 часот започна и акцијата за „тивко“ и тајно изнесување на слоницата.Од снимките на „Скопје1“ ќе видите како со два багери и камион, слоницата е изнесена од зоолошката. Дополнително, откако беше натоварена во камион, кој неофицијално е на градско јавно претпријатие, врз неа беше фрлана земја и најлони во кои претходно беше замотана, но се искинаа при качувањето во камионот. Според информации на „Скопје1“, слоницата е однесена на депонијата Дрисла. До моментот на објавување на оваа вест, немаше никакви информации од ЗОО и Градот за тоа што се случило со слоницата, а исфрлањето на телото се реализираше.Во минатото кога жирафите угинаа, за тоа се објавуваше јавно. Но не и сега.Сега, Зоолошката остана со еден слон. Причните за угинувањето не се познати за јавноста, ниту зошто тоа се крие од јавноста.Минатата година во Зоолошката градина Скопје угинаа осум животни. Во мај угина жирафата Каспер, додека крајот на ноември угина и жирафата Флопи.Според извршената обдукција, Каспер, жирафа стара 13 години, угинала како последица на инфекцијата од бактеријата салмонела естеридис. Флопи, починала како последица на малиген тумор на епителот на жолчните канали во црниот дроб и метастази на белите дробови.Угинале и тигрица, лемури, прежевалски коњи, црн лебед, пинвини, џуџеска коза... Поморот на животни во ова установа трае подолго време, откако за градоначалничка дојде Данела Арсовска, која до сега смени тројца директори.ЗОО-Скопје неодамна го изгуби статусот на членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми.Кога зо Зоолошка раководеше Кристијан Стаменов беа заклани 10 коњи, со образложени дека се болни. Потоа беше поставен Драган Илиевски, а по него актуелниот, Зоран Попов. Во неговиот мандат угинаа и трите ретки пржевалски коњи, а сомнежите беа дека биле намерно отруени.Одговорност за сите угинати егзотични животни не понесе ниту раководството на ЗОО, ниту градоначалничката Данела Арсовска која го назначува.*видеото и фотографијата се замаглени бидејќи се вознемирувачки.Ажурирано:

Скопје | пред 1 година

asgd

Слоницата била евтаназирана? ЗОО уште молчи додека јавноста - врие: Условите во кои живеат се бедни, најхумано би било да ја затвориме!

Слоницата во скопската Зоолошка градина била еутанизирана, а не угинала како што првично твдеа нашите извори, дознава „Скопје1“ од вработени во ЗОО. Тоа било направено по долга болест која слоницата ја имала, но не се знаат никакви детали за неа и лекувањето. Според неофицијални информации, бидејќи слоницата беше донација од Белгија, се чекале наоди и од таму, но непознато е кој и според кој прописи ја донел оваа одлука.Побаравме одговори од скопската ЗОО зошто ова се криеше од јавноста, а се дозна откако „Скопје1“ улови како мртвото тело на слоницата се изнесува рано наутро од нејзинот дом. Од едниот телефонски број оставен на веб-страницата за лице задолжено за односи со јавност добивме информација дека не е повеќе ангажирана таму, додека од другиот број немаме повратна информација.И натаму чекаме и официјални одговори како ова животно било третирано, колку долго била болна, дали е направена обдукција, но и чија ќе биде одговорноста бидејќи ова е трето егзотнично животно, за една година, што угинува во зоолошката.На социјалните мрежи има куп реакции бидејќи слоницата не е прво животно кое угина, како што објави и „Скопје1“.„Починала слоницата од Зоолошка. Пред неколку месеци жирафите. Угинале и тигрица, лемури, прежевалски коњи, црн лебед, пинвини, џуџеска коза… Зоолошката наша не можам ни да ја споредам со зоолошките во други земји. На друго место е забавно и едукативно да одиш во Зоо, кај нас само што ќе влезеш ти иде еден жал за животните помешан со смрдеа. Условите во кои живеат се бедни, најхумано би било да ја затвориме ако имаме малку емпатија за животните. Има таму луѓе што работат кои стварно се посветени на животните но џабе е таа посветеност и љубов кога на менаџерски позиции ставаат луѓе на кои ни кокошка не би им дале да ни ја причуваат. Па тајно ја ваделе слоницата и ја фрлиле во Дрисла. Тајно, демек никој нема да примети дека ја нема. Кај е слоницата? Ааа отиде во Африка кај братучетка и на свадба... све е тоа од наши пари, јавноста мора да знае што праите со парите во Зоо и за шо зимате плата. За криење мртов слон ви треба магија, а не да фрлите земја и со камион да ја однесете во Дрисла. Ојле дојле седнува на директорско место само за плата па после ништо не функционира. Некој треба да одговара за тоа што ни ја претстави Данче ко менаџер на универзумот“, напиша Ина Многуфина.Куп реакции има и од граѓани, новинари, активисти...

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

МВР потврди: Угина и третиот коњ од Монголија во скопската зоолошка градина

Угина и третиот коњ од Монголија во скопската зоолошка градина, потврдија од полицијата.„Макфакс“ синоќа објави за угинувањето и на третото животно од видот пржевалскиев коњ, што важи за многу ретка и скапа раса која што потекнува од Монголија.Со тоа, во период од два дена угинаа трите пржевалски коња, а засега постои само сомнеж дека можеби биле отруени. Причината за смртта сепак не е официјално потврдена, а по обдукцијата ќе се знае дали пцовисале поради погрешен третман или отров.Од скопската Зоолошка градина засега без објаснување што се случило со коњите.Животните во Скопје беа донесени од национален парк во Австрија како донација на приватна фирма, а познато е дека не секоја зоолошка градина во светот може да се пофали со коњи од овој вид во својот простор.Во ЗОО Скопје од инфекција од салмонела пред два месеци и угина и жирафта Каспер.Макфакс

Скопје | пред 2 години

304771595_2287003008116949_613315655310819987_n

(ФОТО) Пораснаа белите лавчиња Луна, Ана и Хана во ЗОО Скопје

Зоо Скопје објави на Фејсбук нови фотографии од трите лавици кои се родија пред шест месеци, а сликани од фотографот Горан Анастасовски.-Белите лавчиња Луна, Ана и Хана направија речиси шест месеци и секојдневно се забавуваат со детските игри како и сите други мали мачиња, пишуваат од Зоо Скопје.Инаку, од скопската зоолошка градина пред три месеци им дадоа можност на граѓаните да ги одберат имињата на лавчињата. По неколкудневните предлози, одлучено беше лавчињата да се викаат Луна, Ана и Хана, имиња кои биле најчести во предлозите.https://www.facebook.com/ZooSkopje/posts/2287003338116916

Скопје | пред 3 години

275621674_137643535446529_7872244370156414792_n

„Од сам старт бев мета на физички пресметки и закани“, разрешениот директор на ЗОО кажа која е неговата вистина за коњите

Разрешениот директор на Зоолошката градина-Скопје Кристијан Стаменов, во детали образлагаше за коњите кои биле изнемоштени и пред умирање, а за кои е обвинет дека ги убил. Тој е дециден дека е убиец на животни.„Според важечка одлука на Управниот одбор на Зоолошката градина Скопје од koj последните 20год или откако постои оваа установа се врши таканаречено „економски искористување“ на животни кои во консултација со стручните лица од Зоолошката градина се во состојба пред умирање, болни, со видливи неизлечиви рани, инфекции и крајно изнемоштени животни кои не можат да бидат рехабилитирани. Наспроти сите јавни пишувања на поединци морам да истакна дека ова не е прв случај, вакви случаи во минатото се бројни лично сум учествувал како зоо негувател во ваква постапка и во времето на претходниот директор на Зоолошката градина. Крајно лицемерна е осудата која доаѓа кон мене токму од истите лица кои ова економско искористување го имаат и самите правено и тоа не само на коњи, туку и на останати животни, пример за тоа е жирафата која е дадена како храна за лавовите“, објаснува тој.Тој додава:За разлика од претходни години сега над животните кои не можат да се спасат или боледуваат се спроведува навистина хуман третман. Можеби во јавноста овие теми не се популарни, но предметите на јавни набавки за месо кои ги спроведуваат сите зоолошки градини во светот доаѓаат дури и од здрави животни. Во Хамбург, Љубљана, Загреб, Дрезден и многу други европски метрополи спроведуваат ваков вид на хуман третман на болни животни, кои се во опасност од умирање.Сакам изрично да одговорам на сите напади - Никогаш ниту сум имал намера ниту сум помислил да мачам изнемоштувам или убивам животни. Како зоонегувател сум посветил над 12 години од мојот живот на само на заштита на животните.Во претходниот период имавме добар пример, коњот кој го спасивме од Дебар маало беше животно во тешка состојба, но успеавме да го рехабилитираме да биде само дополнителна вредност на зоолошката градина, така сум постапувал со сите животни.Од самиот почеток на моето назначување за в.д директор на зоолошката градина бев мета на разни напади, физички пресметки, закани, притисоци и опструкции за кои дел од нив бевте сведоци самите. Ова што се случи и фамата која се крена во јавноста ги оценувам како злоупотреба на постапката за хуман третман која ја спроведува со години истава институција, а вклучително и секој директор на истата. Ова е директен атак против мене и моето добро работење кое резултираше со досега невидени позитивни ефекти за оваа институција, ова е напад кој можеби е и дополнителен политички притисок за мое обезвреднување.Морам да истакна дека запазени се сите законски процедури во оваа постапка која не е нималку популарна, но која е одраз само на правилно спроведување на заштитата на животните. Јас мојата невиност ќе ја докажам пред институциите, и секогаш ќе имам неизмерна љубов кон сите животни.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања