„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Милион птици угинуваат од стрес, кучињата и мачките можат да добијат удар“ - кампања против петардите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
petardi

„Месец декември го посветуваме за зголемување на свеста за последиците од употребата на пиротехнички средства во овие денови на празнични прославувања“, велат од скопската ЗОО и додаваат:

— реклама —

Ајде заедно да кажеме СТОП ЗА ПЕТАРДИТЕ И ОГНОМЕТИТЕ кои освен тоа што се опасна „играчка" за најмладите и може да дојде до страшни повреди, се погубни и за животинскиот свет.

Употребата на пиротехнички средства е опасна затоа што:

— реклама —

-Милиони птици угинуваат од стрес, или исплашени ги напуштаат своите гнезда со малечки за кои потоа нема кој да се грижи и умираат од глад и дехидрација

-Кучињата и мачките може да доживеат огромен стрес или во најлош случај срцев удар од страв

-Дивиот свет исто така страда. Бучавата и светлината ги вознемируваат до степен да може да настапи смрт, но и да ги напуштат своите малечки кои потоа страдаат

-Се создава загадување на воздухот преку испуштање на отровни хемикалии, но и загадување со бучава

-Децата може да се повредат и да останат со ампутирани делови од телото

-Кај возрасните луѓе со ПТСР (PTSD) поттикнува поголема анксиозност

-Силниот звук има огромно влијание кај дечиња со потешкии во развојот или пак со аутистичен спектар на нарушување, а празничниот период не треба да им носи трауми поради петардите

-И животните во ЗОО Скопје доживуваат голем стрес

Затоа апелираме сите заедно да се вклучиме во оваа кампања и оваа година рекордно да ја намалиме употребата на пиротехника.

Се надеваме дека што повеќе училишта ќе се вклучат во заеднички активности со Скопје ЗОО, а како прва „задача" за сите основци и средношколци предлагаме да бидат креативни и да направат цртежи на темата „КАЖИ СТОП ЗА ПЕТАРДИ И ОГНОМЕТ".

На крајот од месецот, пред Нова Година ќе направиме изложба со најдобрите цртежи во просторот на градината.

Сите креативни граѓани може да изработат и да ни испратат и едукативни илустрации на zooskopje@zooskopje.com.mk , кои потоа како постери ќе се најдат низ секое маало!

И за крај, уживајте во празнувањето на празниците, но оставете ги и другите да уживаат.

Стоп за пиротехничките средства!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library479p3iai9ige7KdZAtU

Скопската Зоолошка доби нов в.д. директор, доаѓа од редот на вработените

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryee0jmccsqgqg7eOXVTq

Контроверзии околу новиот менаџер на Зоолошка: Бил осуден за измама со животни, казната избриша,а тој вели дека не е осудуван

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryuaro3bt3pc6nf0WY4xQ

Продолжи судењето за случајот со закланите коњи во Зоолошката градина – сведочеа директорот Попов и ветеринар од АХВ

Скопје | пред 2 месеци

bizon

Почина европскиот бизон, еден од најстарите жители на ЗОО Скопје

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања