„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Падна дел од трупот на „Боинг“, принудно слета во Орегон: аеродромот ги суспендираше сите летови, трупот не беше пронајден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
boing

Постар авион Боинг 737-800, кој пристигна во јужен Орегон по полетувањето од Сан Франциско, остана без дел од трупот, соопшти надлежната инспекција, додавајќи дека ниту еден од патниците не е загрозен во овој инцидент.

Летот 433 на Јунајтед Ерлајнс од Сан Франциско во 10:20 часот слета на меѓународниот аеродром Хорнбил во Медфорд непосредно вчера пред пладне, според веб-страницата FlightAware. Директорката на аеродромот Амбер Џад рече дека авионот слетал без проблем и дека е откриено дека дел од трупот на авионот паднал, но никој не е повреден, пренесе АП.

— реклама —

Аеродромот потоа ги прекина летовите за да ја провери пистата и евентуално да најде делови од трупот, додаде Џад, но не беа пронајдени делови.

— реклама —

Портпаролот на „Јунајтед ерлајнс“ во мејл изјавил дека во авионот имало 139 патници и шест членови на екипажот и дека не е прогласена вонредна состојба бидејќи немало индиции за штета за време на летот.

— реклама —

„Кога авионот се паркираше на капијата, беше утврдено дека нема дел од трупот. „Ќе спроведеме темелна истрага на авионот и ќе извршиме поправки пред да се врати во употреба“, рече портпаролот.

Од Јунајтед велат дека дел од трупот паднал на местото каде што крилото се спојува со главното тело на авионот и веднаш до опремата за слетување.

Авионот е во употреба од 1998 година, а прв пат го користеше Континентал ерлајнс, а од 2011 година Јунајтед ерлајнс.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo5qceo7r9au17URW5W4

Како може да „исчезне“ авион од 30 тони? Ер Индија 13 години го барала својот Боинг

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања