Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Паметните камери на ЦУК навреме открија пожар кај Никуштак

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarytso6p901ia3nbEptZm7

Пожарот во атарот на селото Никуштак во Општина Липково бил навреме забележан благодарение на системот за рана детекција на шумски пожари со паметни камери, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

— реклама —

Откако камерата го регистрирала пожарот, веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица Куманово и подружницата на „Национални шуми“ – Куманово, со цел навремено да се преземат мерки и да се интервенира на терен.

— реклама —

Од ЦУК посочуваат дека системот им овозможува на операторите во Секторот за операции и координација да ја контролираат и насочуваат камерата, со што пожарот може непрекинато да се следи визуелно во реално време.

— реклама —

Покрај раното откривање, технологијата овозможува и побрза координација на расположливите ресурси на терен, како и следење на правецот во кој се движи пожарот. На тој начин надлежните служби можат навреме да го насочат своето дејствување сè до локализирањето и целосното гаснење на пожарот.

— реклама —

Според директорот на ЦУК, Мухамед Али, ваквиот систем претставува значаен механизам за навремено реагирање и заштита од шумски пожари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 4 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања