Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Паниката во СДСМ е поради можни сведочења на Груби, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarynjdtlpbns75tely7ZBc

ВМРО-ДПМНЕ реагираше по одлуката за куќен притвор на Артан Груби, оценувајќи дека „правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна“.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека одлуката за куќен притвор е на обвинителството, кое, како што наведуваат, има ниска доверба кај граѓаните и за чие задржување на функциите, според нив, се залагала СДСМ.

„Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека СДСМ треба да се договори „сама со себе“, бидејќи, според нив, изнесува контрадикторни ставови – наутро тврди дека ДУИ работи за ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат договор.

— реклама —

Во реакцијата се наведува дека, според нив, СДСМ е во паника поради можноста Груби да проговори за, како што велат, „ортачките криминали“ на поранешните влади предводени од Зоран Заев, како и за други функционери од редовите на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат зошто, како што тврдат, врвот на СДСМ одржал состанок и се интересирал за исказот на Груби во обвинителството, оценувајќи дека однесувањето на СДСМ во овој случај е обид за дефокусирање.

„Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога исплашените од СДС ќе му прават друштво на Артан Груби на судските клупи“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylnhvjv0p7u36cQc6Vpt

Фрчкоски: Случајот со Груби е де факто и де јуре политички дил меѓу ВМРО и ДУИ

Свет | пред 2 седмици

media-libraryrs75ttki7uc4fTvtE2b

Владејачката партија со обвинувања: СДС бега од одговорност во случајот „Груби“

Македонија | пред 2 седмици

grubi5123

СДСМ: Со случајот за Груби се режира циркус, сè е однапред договорено

Македонија | пред 2 седмици

media-library0orvr2f1biodbha8JkM

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања