Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Папата Лав повика вештачката интелигенција да се развива во служба на мирот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав повика развојот на вештачката интелигенција да биде насочен кон зачувување на мирот и зајакнување на врските меѓу луѓето, наместо кон продлабочување на општествените поделби.

— реклама —

Во порака до учесниците на конференцијата „AI4Peace“ во Рим, поглаварот на Католичката црква порача дека во свет обележан со конфликти и поделби, развојот на вештачката интелигенција мора да биде проследен со визија заснована на мудрост и милосрдие.

— реклама —

Лав повика да се создаваат системи на вештачка интелигенција кои ќе го почитуваат достоинството на секој човек и ќе придонесуваат за зајакнување на врските што го обединуваат човештвото.

Можните опасности од развојот на вештачката интелигенција се меѓу централните теми на неговиот 16-месечен понтификат. Во својата прва енциклика, објавена во мај, тој предупреди дека системите на вештачка интелигенција можат да придонесат за ширење дезинформации и да им дадат предност на конфликтите, поради што повика на воспоставување меѓународни правила за оваа индустрија.

— реклама —

Конференцијата „AI4Peace“ се одржува на Папскиот латерански универзитет во Рим, а меѓу учесниците се американскиот економист Џефри Сакс, претседателката на Градскиот совет на Рим, Светлана Чели, и ректорот на Универзитетот за мир на Обединетите нации во Костарика, Франциско Рохас Аравена.

— реклама —

Пораката на папата до присутните ја прочита свештеникот Андреа Чучи, директор на Папската академија за живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

Screenshot-2025-05-09-at-08.42.36

Папата Лав XIV повика на итен прекин на војните и страдањата низ светот

Свет | пред 21 час

— реклама —
Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав XIV ја завршува посетата на Јужна Америка: „Се гледаме наскоро“

Свет | пред 1 седмица

media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Лав XIV стана првиот папа што гласал на американски избори

Свет | пред 3 седмици

media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата разговараше со Зеленски, повика на соработка со Русија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања