Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Папата Лав XIV повика на итен прекин на војните и страдањата низ светот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 57 минути -

Свет
Screenshot-2025-05-09-at-08.42.36

Папата Лав XIV упати повик за прекин на страдањата предизвикани од војните и конфликтите низ светот, повикувајќи ги светските лидери без одложување да работат на изнаоѓање решенија засновани врз помирување и мир.

— реклама —

За време на молитвата на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, папата се помоли за жртвите од бројните конфликти, кои и натаму предизвикуваат смрт и страдања, како и за луѓето на одговорни функции, од кои побара да преземат чекори за постигнување мир.

— реклама —

Лав XIV изрази поддршка и за жителите на Папуа Нова Гвинеја и другите пацифички држави погодени од тешката суша. Екстремните сушни услови, поврзани со климатскиот феномен Ел Нињо, предизвикуваат пропаѓање на земјоделските посеви, раст на цените на храната и дополнителни проблеми за населението. Папата им се заблагодари на сите што им помагаат на најзагрозените.

— реклама —

По повод Светскиот ден на младите, кој денеска се одбележува на локално ниво во епархии низ светот, тој ги повика младите да бидат храбри и го најави следното светско одбележување, закажано за август 2027 година.

— реклама —

Папата учествуваше и на заеднички ручек во ватиканската сала „Павле VI“ со околу 1.300 сиромашни и социјално загрозени лица. Пред собирот порача дека ваквите средби покажуваат како треба да живеат луѓето – помагајќи си едни на други и грижејќи се никој што се наоѓа во тешка состојба да не остане сам.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав XIV ја завршува посетата на Јужна Америка: „Се гледаме наскоро“

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Лав XIV стана првиот папа што гласал на американски избори

Свет | пред 3 седмици

media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата разговараше со Зеленски, повика на соработка со Русија

Свет | пред 1 месец

media-library7kba3v2382mk7rAaiKf

Папата Лав XIV првпат во јавноста по операцијата на белите дробови

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања