Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Папата Лав XIV: „Без мудрост, технологијата може да стане средство за уништување“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата Лав XIV денес во Париз предупреди дека научниот и технолошкиот развој мора да биде насочен кон доброто на човекот, оценувајќи дека без соодветна мудрост технологијата може да се претвори во средство за уништување.

— реклама —

Во обраќањето во седиштето на УНЕСКО, папата војувањето го опиша како „најлошото дело на човечкото суштество“, особено кога научните достигнувања се користат за нехумани цели.

— реклама —

Лав XIV порача дека технологијата треба да служи за заштита на човечкото достоинство, а не да се претвора во „инструмент на доминација и неправда“.

Тој ги повика и светските лидери доследно да го почитуваат владеењето на правото, посочувајќи дека оние што се на власт понекогаш се повикуваат на законите само кога тоа им одговара.

— реклама —

Во текот на четиридневната посета на Франција, папата предупреди и на ризиците поврзани со генетските манипулации, сурогатството, трговијата со човечки органи и неконтролираниот развој на вештачката интелигенција.

— реклама —

Според Лав XIV, научното знаење и технолошките способности треба да се насочат кон создавање општества во кои сите народи ќе имаат можност да живеат и да се развиваат во мир.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Лав XIV стана првиот папа што гласал на американски избори

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата разговараше со Зеленски, повика на соработка со Русија

Свет | пред 2 седмици

media-library7kba3v2382mk7rAaiKf

Папата Лав XIV првпат во јавноста по операцијата на белите дробови

Свет | пред 2 седмици

media-library7kba3v2382mk7rAaiKf

Папата Лав веќе отслужи миса по операцијата на рак на белите дробови

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања