Промени тема
Контакт

Папата во Ангола: Поседувате богатство што не може да се продаде ниту украде

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав XIV остро ги осуди „социјалните и еколошките катастрофи“ поврзани со експлоатацијата на материјалното богатство, за време на првиот ден од неговата посета на Ангола, јавува АФП.

Во обраќањето до властите во претседателската палата во Луанда, поглаварот на Католичката црква порача дека моќни интереси ги присвојуваат природните ресурси, оставајќи зад себе страдање, смрт и нееднаквост.

„Колку страдање, колку смрт, колку социјални и еколошки катастрофи предизвикува оваа логика на искористување“, изјави папата.

— реклама —

Тој предупреди дека низ светот сè уште се наметнува модел на развој кој дискриминира и исклучува, претставувајќи се како единствен можен пат.

Ангола, земја богата со нафта и минерали, се соочува со длабоки економски разлики, а околу една третина од населението живее под меѓународната граница на сиромаштија.

Папата ги повика властите да не се плашат од различни мислења и да не ги задушуваат визиите на младите и соништата на постарите генерации.

— реклама —

„Општото добро ставете го пред интересите на партијата“, порача Лав XIV.

Тој додаде дека Африка итно треба да ги надмине конфликтите и непријателствата кои го разоруваат општественото и политичкото ткиво на многу земји, продлабочувајќи ги сиромаштијата и исклученоста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав бара итен прекин на насилството врз палестинските цивили

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав XIV оди во Франција, ќе се сретне со жртви на сексуална злоупотреба

Свет | пред 3 седмици

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав ќе ги посети Уругвај, Аргентина и Перу

Свет | пред 4 седмици

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав XIV: Имам голема љубов кон Америка, но пред сè сум пастир на целата Црква

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања