Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Папата за сексуалните злоупотреби во Црквата: Ова е рана што сè уште не е заздравена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
Screenshot-2025-05-08-at-19.47.09

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, најави дополнителни напори и поефикасен одговор во борбата против сексуалното насилство во Црквата, по средбата со жртви на злоупотреби за време на неговата посета на Шпанија.

— реклама —

Папата речиси еден час разговараше со шест жртви на сексуално насилство извршено од припадници на свештенството, уверувајќи ги дека нивните предлози ќе бидат основа за понатамошни активности и реформи.

Според соопштението на Ватикан, Лав XIV истакнал дека Црквата мора да стане безбедно и духовно здраво место за сите верници.

— реклама —

Обраќајќи им се на шпанските бискупи, папата побарал вистина, правда и обештетување за жртвите, како и посилни механизми за спречување на ваквите случаи во иднина.

— реклама —

Средбата, сепак, предизвика реакции кај дел од здруженијата на жртви, кои изразија незадоволство што нивните претставници не биле поканети. Тие оценија дека не биле вклучени сите организации кои со години се борат за правата на жртвите.

Според извештај од 2023 година, во Шпанија се проценува дека околу 200.000 малолетници биле жртви на злоупотреба од страна на припадници на свештенството од 1940 година наваму.

— реклама —

Посетата на папата на Шпанија продолжува со настани во Мадрид и Барселона, по што ќе отпатува на Канарските Острови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Лав XIV стана првиот папа што гласал на американски избори

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата разговараше со Зеленски, повика на соработка со Русија

Свет | пред 2 седмици

media-library7kba3v2382mk7rAaiKf

Папата Лав XIV првпат во јавноста по операцијата на белите дробови

Свет | пред 2 седмици

media-library7kba3v2382mk7rAaiKf

Папата Лав веќе отслужи миса по операцијата на рак на белите дробови

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања