Промени тема
Контакт

„Парите позајмени од М-НАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит кон кинеска банка“, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library7l24m9cdp4rl3GeJXza

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека средствата кои Владата ги позајмила од неколку државни претпријатија ќе бидат искористени за отплата на кредит кон кинеска банка за изградба на автопатите.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека не станува збор само за позајмица од Македонска навигација (М-НАВ), туку и за средства обезбедени од МЕПСО, Државна лотарија и Јавното претпријатие за државни патишта.

— реклама —

„Не се само од М-НАВ. Имаме средства и од Лотарија, МЕПСО и сопствени средства на ЈПДП. Средствата ќе бидат искористени за враќање на кредит кон кинеската банка за автопатите, а во август ќе им бидат вратени на компаниите“, изјави премиерот.

Тој нагласи дека ваквата постапка не е новина и дека, според него, и во минатото повеќепати била применувана.

— реклама —

„Се работи за вообичаена процедура што многупати претходно се правела. Во август средствата ќе бидат вратени и кај М-НАВ и кај Лотарија и кај МЕПСО“, додаде Мицкоски.

Прашањето за позајмицата се отвори откако беше објавено дека Владата позајмила седум милиони евра од М-НАВ, државното акционерско друштво задолжено за контрола на летањето, што предизвика реакции и дилеми околу законската можност компанијата да ѝ позајмува средства на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt5sij8j2pd818O5D7GQ

Почнува изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, Мицкоски најавува целосно поврзување на Скопје и Охрид

Македонија | пред 27 минути

— реклама —
media-library8raoe11nd5da8h1KGyz

(Видео) Мицкоски до Бугарија: „Во Европа ќе влеземе со исправена глава, не со свиткана и понижена кичма“

Македонија | пред 22 часа

media-library6oclipb5adq35pyPbtQ

Мицкоски: Кризната енергетска состојба ќе биде продолжена за уште шест месеци

Македонија | пред 1 ден

media-libraryhsja852hnptp8lB0LyZ

Мицкоски за обвинувањата за задолжувањето: Јавниот долг е зголемен за помалку од 1,4 милијарди евра, а БДП за 4 милијарди

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања