Промени тема
Контакт

Пецаков: Меѓународната и меѓугранична соработка директно придонесуваат во туризмот како основна гранка на развој на Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pecakov

Во однос на меѓународната соработката, а и меѓуграничната соработка, придобивките би ги поделил во два дела. Едната придобивка би ја поврзал директно со туризмот како една основна гранка на развој на самиот град, а втората се сите оние проекти, без разлика дали станува збор за инфраструктура или некакво опремување на медицински центри или опремување на јавните претпријатија со соодветна опрема, рече Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид на денешниот настан Саем-Отчет, земајќи збор на панел-дискусијата на тема „Меѓународна соработка за развиени општини“.

Пецаков истакна дека она што се работи со туризмот и учеството на саемите за туризам, се гледа како директна придобивка, посебно во зимскиот период, кога станува збор за новогодишните празници, но и околу велигденските и првомајските празници, каде огромен број на туристи, пред сè од соседството, го поминуваат времето во Охрид.

— реклама —
— реклама —

„За нас, таа меѓународна соработка на тие саеми, претставува директна придобивка за туризмот и локалниот развој. Заедно со тур операторите но и сите други што нудат некакви туристички услуги се вмрежуваат и се создава позитивен придонес, посебно во текот на летниот период каде што се создаваат тие пакети, настрана од тоа што претставува новогодишен период. Ние како град, создавајќи и творејќи, токму во делот на туризмот, како што придобивките се најголеми и ги гледаме на одреден начин, но она што претставува број на ноќевања и собирањето на туристичка такса каде што годинава сериозно предничиме“, рече Пецаков.

— реклама —

Пецаков додаде дека соработката со Владата за воведување на нови авиолинии од охридскиот аеродромот значително придонесоа за дополнителен развој на туризмот во Охрид и целиот регион.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library1evbnggspa6vfrrGpeX

Пецаков: Почнува четвртото издание на Ohrid Water Festival

Охрид | пред 2 седмици

media-librarycojqqflte3qn8xsSKx9

(Видео) Охрид инкасира околу 700.000 евра годишно од охридските плажи, тврди Пецаков кој објасни како се закупени

Настани | пред 2 седмици

media-library084bueotmcojbwk9OE7

(Видео) Охрид ќе добие катна гаража, Пецаков најави завршување до следното лето

Настани | пред 2 седмици

media-librarydfck1ctvfm2tenFJLYr

Пецаков по одлуката на УНЕСКО: Следува уште поинтензивна работа за заштита на Охридскиот Регион

Охрид | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања