Промени тема
Контакт

Пецаков: Реконструкција на кеј „Македонија“, изградба на Младински културен центар и со цел заштеда на народните пари поставување фотоволтаици на јавните институции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryfjmdm442jj9ia4z0dUd

Кандидатот за градоначалник на општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, на вечерашниот митинг во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ истакна дека градот ќе продолжи да се развива со заедничка работа, труд, визија и со конкретни дела, притоа ги наведе и проектите кои што следат во иднина како за младите така и во областа на инфраструктурата, дигитализацијата се со цел подобри услови за сите охриѓани.

„Реконструиравме училишна зграда за ООУ „Кочо Рацин“ и комплетно ја опремивме, и слободно можам да кажам дека тоа е прво ново училиште изградено во Охрид од осамостојувањето на Македонија. Имаме план и програма за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид. Планираме реконструкција на Кеј „Македонија“ и дел од булеварот „Туристичка“. Изградба на нов Младински културен центар, ќе го уредиме кејот во Пештани и градскиот пазар во Охрид, ќе создадеме зелени зони и простори за семејствата! Ги дигитализираме услугите на Општината со QR-кодови за документи, онлајн плаќања, електронски услуги“, вели Пецаков.

— реклама —

Кандидатот за градоначалник на општина Охрид ги посочи проектите кои се од суштинско значење за чист и зелен град, но и инвестиции со што би се зачувала традицијата и културата на градот.

„Започнуваме со поставување фотоволтаици на сите јавни институции кои се под Локалната самоуправа. Се поставуваат модерни корпи за отпад, а домаќинствата ќе имаат можност да ги користат субвенциите од Општина Охрид за поставување на фотоволтаици. Планираме реконструкција на домовите на култура во Љубаништа, Кошишта и Радојца Новичиќ.  Продолжува поддршката на нашите фестивали: Охрид Ватер Фестивал, Вино Фест, Џез Фестивал, Коктел Фест“, рече Пецаков.

— реклама —


На крај од своето обраќање Пецаков ги повика граѓаните масовно да излезат на 19 октомври и референдумски да дадат поддршка за бројот 9, за победа во прв круг и за мнозинство во Советот на општина Охрид.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh97kcjt11ij1bHgGURS

Пецаков со честитка за 8 Септември: „Независноста не е само историски чин, туку секојдневна обврска“

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library1evbnggspa6vfrrGpeX

Пецаков: Почнува четвртото издание на Ohrid Water Festival

Охрид | пред 1 месец

media-librarycojqqflte3qn8xsSKx9

(Видео) Охрид инкасира околу 700.000 евра годишно од охридските плажи, тврди Пецаков кој објасни како се закупени

Настани | пред 1 месец

media-library084bueotmcojbwk9OE7

(Видео) Охрид ќе добие катна гаража, Пецаков најави завршување до следното лето

Настани | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања