Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека Македонија продолжува напред

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера беше меѓу граѓаните на ошштините Чешиново-Облешево, Виница и Кочани.

— реклама —

Пред граѓаните, Пендаровски ја претстави својата визија и приоритети за претстојниот мандат потенцирајќи дека главен предуслов ќе биде продолжување на евроинтегративниот процес и дека само со членство во ЕУ ќе се запре иселувањето на младите.

„Имате само една единствена гаранција, дека Македонија ќе оди и понатаму кон развиениот свет, и ќе биде дел од Европа за многу кратко време. Со заокружување на бројот 1, немојте да ги гледате другите бројки на ливчето. Ова што ви го кажувам јас, особено бројот два, ве носи назад во рециклажа на режимот. Само нивниот шеф, Груевски го нема. Сите се исти и исти политики ќе тераат ако случајно дојдат повторно на власт“ порача Пендаровски во Кочани.

— реклама —

Пендаровски истакна дека во претходниот мандат покажал што значи да се биде претседател за сите граѓани, без да прави какви било поделби, додавајќи дека така ќе продолжи и во следниот мандат.

„Во изминативе 5 години како претседател она што ви го ветив пред 5 и пред 10 години овде, мислам дека до последната буква го реализирав. Според мене, не можеш да се нарекуваш претседател на сите граѓани ако навистина сите граѓани не ги третираш на еднаков начин и сите граѓани да бидат еднакви со претседателот. Во изминативе 5 години секој од вас што побарал помош од претседателот, бил удостоен со прием, со разговор и со поддршка“ рече Пендаровски.

Одговарајќи на прашања од граѓани, Пендаровски рече дека во следниот период мора да се започне со сеопфатен ветинг на судии, обвинители, но и на политичари и дека само на тој начин ќе се врати довербата во судството која паѓа од година в година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Foto-6

Удрија по Пендаровски: ги налути со интервју, па го обвинија дека и одмага на Македонија со порака да си троши пензија наместо да дели ум

Македонија | пред 9 месеци

Нема фотографија

Пендаровски се откажа од државната пензија, се врати како професор на Американ Колеџ

Македонија | пред 1 година

F0A57483-C8F6-4D41-8A76-9B49AA2AA973_4_5005_c

Силјановска и официјално претседател на Македонија, утре назначување и влез во Вила Водно

Македонија | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-05-09-at-16.38.42

Кои од неговите најблиски соработници се сокрија синоќа за да не бидат фотографирани со Пендаровски?

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања