Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Пендаровски: Дали Мицкоски се кандидира за шпицен премиер или е кандидат за судија или обвинител?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
IMG_3346

Од Христијан Мицкоски извира ликот на Никола Груевски, порача Стево Пендаровски од синоќешниот граѓански митинг во скопски Аеродром, одговарајќи на прашање од граѓанин.

— реклама —

„33 години сме независна држава, мантра на секој политичар е не само во време на избори дека правосудството мора да биде независно, судиите да бидат независни, да судат само врз основа на Устав, закон, меѓународни договори. И Мицкоски во 2024 година вели „ќе испитаме, неговиот имот ќе го испитаме, ќе провериме или ќе апсиме'. Не можам да сфатам дали е тој кандидат за шпицен премиер или е кандидат за судија, обвинител. Како можеш ти како политичар да најавуваш нечие апсење?“ праша Пендаровски.

Пендаровски се осврна и на понудата на неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова.

— реклама —

„Дека мојата програма е подобра од нејзината покажав и во 2019 година кога ги добивме изборите. Да беше нејзината програма подобра таа ќе ги добиепе изборите. А сега постои една друга разлика меѓу мојата програма и нејзината. Нејзината програма е невидлива, ја нема. Кликнете на интернет и кажете ми каде е нејзината програма? Мојата е видлива, нејзината и е невидлива, така што, не можеме да компарираме нешто што го гледаш и нешто што го нема, што е илузија“ порача Пендаровски.

Кандидатот за претседател Пендаровски пред присутните рече дека тој остварил речиси се од она што го имал ветено пред пет години додавајќи дека врвен приоритет во новиот мандат ќе му биде целосен ветинг на луѓето во правосудството, но и во политиката.

„Мораме да се согласиме и уште од сега да дадеме јавно ветување дека ако ја добиеме вашата доверба прва задача треба да ни биде длабок и сеопфатен ветинг на сите судии и обвинители меѓутоа и на нас политичарите“ истакна Пендаровски.

Пред граѓаните Пендаровски повика на 24 април да се гласа за бројот 1, а на осми мај победата да биде заверена и државата да продолжи напред.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Foto-6

Удрија по Пендаровски: ги налути со интервју, па го обвинија дека и одмага на Македонија со порака да си троши пензија наместо да дели ум

Македонија | пред 9 месеци

Нема фотографија

Пендаровски се откажа од државната пензија, се врати како професор на Американ Колеџ

Македонија | пред 1 година

F0A57483-C8F6-4D41-8A76-9B49AA2AA973_4_5005_c

Силјановска и официјално претседател на Македонија, утре назначување и влез во Вила Водно

Македонија | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-05-09-at-16.38.42

Кои од неговите најблиски соработници се сокрија синоќа за да не бидат фотографирани со Пендаровски?

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања