Промени тема
Контакт

Пендаровски го посети центарот Една точка за услуги (ЕТУ) во Куманово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Foto-3-1

Претседателот Стево Пендаровски денеска престојуваше во општина Куманово, каде што присуствуваше на промоција на нови е-услуги во центарот Една точка за услуги (ЕТУ).

На настанот беа промовирани услугите за издавање на уверение за регистрираните податоци во матична евиденција за стажот на осигурување, остварени плати и надоместоци - (уверение за стаж) и издавање на извод од компјутерски запис - образец М1/М2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување.

— реклама —
— реклама —

Претседателот Пендаровски имаше можност да ги искористи услугите во центарот Една точка за услуги (ЕТУ), од каде што му издадоа уверение за стаж и М1/М2 образец. Претседателот порача дека овој проект, чија цел е да овозможи ефикасни, брзи и достапни услуги, ќе им го олесни животот на граѓаните и претставува исчекор кон создавање јавна администрација како вистински сервис на граѓаните.

— реклама —

На промоцијата на новите е-услуги во центарот Една точка за услуги (ЕТУ) во Куманово присуствуваше и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. Една точка за услуги (ЕТУ) е проект на Министерството за информатичко општество и администрација чија цел е да ги соедини сите државни институции и да го поедностави пристапот на граѓаните до институциите и услугите коишто ги нудат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

pendarovski

„Постои опасност партијата да оди кон исчезнување“, Пендаровски со предупредување до раководството на СДСМ

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
media-libraryaj99k1kr0989awWUisg

Уставен суд реагира на изјавата на Пендаровски: Изнесува неточни информации за Законот за употреба на јазиците

Македонија | пред 6 месеци

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски му возврати на Мицкоски: Уставниот суд ги потврди одлуките за вонредната состојба

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

Мицкоски се сомнева дека и Пендаровски има кривична одговорност, повика и на истрага за тврдењата на Жан Митрев

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања