Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Пендаровски: Мицкоски е докажан извор на лажни вести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_3375

На вечерашниот граѓански митинг во Куманово, кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани зошто ВМРО-ДПМНЕ во последните денови ги засилува нападите и заканите кон него, тој одговори дека за тоа постојат две причини.

— реклама —

„Прво, тоа се таков тип на луѓе, 11 години владееја со насилство. Во 2011 година со специјални полициски сили ја затворија најгледаната телевизија во тоа време, што нас на памет не ни паѓа. Вие можете денеска да пцуете, да викате против претседателот на Македонија до утре сабајле, влакно од глава нема да ви фали. Значи, прво се такви, а второ во последните неколку денови ако забележувате ја засилуваат реториката и заканите, не само кон мене, туку и кон другите…тоа мене ми е знак дека работите не им врват добро на терен. Веројатно чувствуваат дека од удирање во гради изминатава година дека се сигурни победници и дека ќе победат со 100 илјади, со 200 илјади гласови разлика, дека не ќе е баш така. Вашето масовно присуство на терен е доказ дека тие се во голема заблуда“ порача Пендаровски пред граѓаните на Куманово.

— реклама —

Во однос на обвинувањата од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за некакви тајни средби за наводна амнестија на одредени политичари, Пендаровски потсети дека токму Мицкоски од страна на европски институции бил посочен како извор на лажни вести.

— реклама —

„Кога сакаш да амнестираш и кога амнестираш некого тоа се гледа. На Христијан Мицкоски најголем страв му е да не случајно Груевски се врати назад. И сега ме обвинува мене и неколку други политичари дека на тајни средби сме договарале Груевски да го враќаме назад амнестиран. Сега ве прашувам дали некој го видел Никола Груевски во Македонија? Значи станува збор за фрапантна лага на тој човек и впрочем тоа не е ништо ново. Пред четири години Европскиот Парламент во свој официјален извештај го посочи со име и со презиме Христијан Мицкоски како извор на лажни вести и дезинформации. И нема што понатаму да разговараме, јасно е сè“ истакна Пендаровски на преполниот плоштад во Куманово.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaj99k1kr0989awWUisg

Уставен суд реагира на изјавата на Пендаровски: Изнесува неточни информации за Законот за употреба на јазиците

Македонија | пред 5 дена

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски му возврати на Мицкоски: Уставниот суд ги потврди одлуките за вонредната состојба

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

Мицкоски се сомнева дека и Пендаровски има кривична одговорност, повика и на истрага за тврдењата на Жан Митрев

Македонија | пред 2 месеци

Foto-6

Удрија по Пендаровски: ги налути со интервју, па го обвинија дека и одмага на Македонија со порака да си троши пензија наместо да дели ум

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања