Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Пендаровски: Не би сакал војната во Украина да биде поттик за нешто позитивно како што е проширувањето на ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Foto-2

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“ на Преспа форум за дијалог 2023, што се одржува во Струга на тема „Проширено европско семејство до 2030: (Не)возможна мисија?“.

Пред учесниците на форумот претседателот Пендаровски говореше по прашањето на руската агресија врз Украина и промени што војната ги донесе на европскиот континент.

— реклама —

Претседателот Пендаровски истакна дека војната во Украина го врати фокусот на геополитиката и геополитичкиот начин на размислување стана доминантен во Европската Унија по однос на прашањето на проширувањето. Ако војната во Украина е поводот Европската Унија да го врати интересот за проширувањето кон регионот на Западен Балкан, тогаш, според претседателот Пендаровски, многу природно се наметнува прашањето - што ќе се случи кога војната во Украина ќе заврши? Дали ќе се вратиме на вообичаеното, што значи помалку внимание за Западниот Балкан како регион и тоа не само во однос на проширувањето? -Не би сакал војната да биде поттик за нешто позитивно што би требало да се случува, рече претседателот Пендаровски.

— реклама —

Според претседателот Пендаровски, бавното темпо на процесот на интеграција во Европската Унија е закана за демократијата и мирот на Балканот. Преговарачкиот процес, според македонскиот претседател, ги унапредува демократските процеси во земјите-кандидати, додека без надзорот од ЕУ назадувањето е очигледно, а во многу случаи и неизбежно. Дополнително, според претседателот Пендаровски, предолгото чекање за ЕУ членство може да доведе до тоа луѓето да бараат алтернативи и да дојде до остар пад на поддршката за членство во ЕУ, а без пристапниот процес се јавува повеќе простор за малигни влијанија поради фактот што земјата-кандидат не е дел од заедничките механизми за размена на информации и управување со кризи.

— реклама —

За да видиме системски и неповратен напредок, потребна ни е рамка за тоа - правна, политичка и економска, плус безбедност и разузнавање. ЕУ, според претседателот, е солидна рамка за првите три компоненти, а НАТО за последните две.

Претседателот Пендаровски исто така се осврна и на можностите и предизвиците што ги нуди вештачката интелигенција и во таа насока ги поздрави иницијативите што се преземаат од владите и меѓународните организации со цел да се изнајдат решенија за полезно користење на вештачката интелигенција за јавно добро и напредок, додавајќи дека автократите може да ја злоупотребат вештачката интелигенција на сличен начин како што ги злоупотребуваат и социјалните медиуми.

Во однос на политичкото учество на жените и младите во земјава и регионот, претседателот Пендаровски истакна дека патот за нивното вклучување во процесите на донесување на одлуки отсекогаш бил тежок во општества каде доминирале мажите, но дека е потребно афирмативно дејство за нивно политичко учество и во процесите на донесување на одлуки.

На сесијата се обратија и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, помошник генералниот секретар на ОН, Мирослав Јенча и младинскиот претставник Зорана Антовска, а свое видео-обраќање имаше и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pendarovski

„Постои опасност партијата да оди кон исчезнување“, Пендаровски со предупредување до раководството на СДСМ

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryaj99k1kr0989awWUisg

Уставен суд реагира на изјавата на Пендаровски: Изнесува неточни информации за Законот за употреба на јазиците

Македонија | пред 2 месеци

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски му возврати на Мицкоски: Уставниот суд ги потврди одлуките за вонредната состојба

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

Мицкоски се сомнева дека и Пендаровски има кривична одговорност, повика и на истрага за тврдењата на Жан Митрев

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања