Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Пендаровски: Очекувам да влезам во вториот круг и да ги добијам изборите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pendarovski-zaev-5132

Со отворање на централниот изборен штаб во центарот на Скопје, од денеска започнува изборната кампања на кандидатот за претседател Стево Пендаровски. До првиот круг на гласање, предвидено е Пендаровски да посети над 60 населени места во земјата.

— реклама —

Во изјава за медиумите, кандидатот за претседател Стево Пендаровски истакна дека иако зад себе има пет годишен мандат и македонските граѓани многу добро знаат за што се залагал како претседател, за што бил против и знаат што може да очекуваат и во следните пет години, Пендаровски рече дека сака со граѓаните да ги сподели неговите ставови за прашањата со специфична политичка динамика.

— реклама —

„Јас мислам дека контекстот изминативе 5 години малку се има изменето и регионалниот и внатрешниот, се разбира и меѓународниот со војната во Украина и дека би требало да ги кажам и новелирани моите ставови по некои прашања кои имаат посебна специфична политичка динамика. Очекувам дека во првиот круг, бидејќи има многу кандидати како никогаш до сега во македонската историја, гласовите ќе се поделат на повеќе страни и не очекувам дека некој има било каква шанса да добие во првиот круг. Меѓутоа во вториот круг очекувам да влезам и да ги добијам изборите на крајот“, додаде Пендаровски.

— реклама —

Изборниот штаб на кандидатот за претседател Стево Пендаровски се наоѓа на улица „Никола Вапцаров“, односно во близина на плоштад „Македонија“. Во него граѓаните секојдневно ќе можат да се информираат за програмата за работа на Пендаровски во следните 5 години, за изборниот караван, како и за сите останати прашања од нивен интерес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaj99k1kr0989awWUisg

Уставен суд реагира на изјавата на Пендаровски: Изнесува неточни информации за Законот за употреба на јазиците

Македонија | пред 1 седмица

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски му возврати на Мицкоски: Уставниот суд ги потврди одлуките за вонредната состојба

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

Мицкоски се сомнева дека и Пендаровски има кривична одговорност, повика и на истрага за тврдењата на Жан Митрев

Македонија | пред 2 месеци

Foto-6

Удрија по Пендаровски: ги налути со интервју, па го обвинија дека и одмага на Македонија со порака да си троши пензија наместо да дели ум

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања