Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Пендаровски од Прилеп: Децата и внуците ќе ни останат и ќе просперираат тука

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pendarovski

Првиот ден од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчеравечер го заврши со централен, граѓански митинг во Прилеп.

— реклама —

Истакнувајќи дека според бројот на жители и бројот на дадени потписи за неговата кандидатура, Прилеп е најдобар во Македонија, Пендаровски рече се сеќава што рекол пред 5 години и дека може да ги погледне прилепчани во очи и да не се засрами.

„Главната работа која ја кажав е дека ќе бидам претседател на сите. Тоа значи не гледам партија, не гледам фамилија, не гледам вера или нација, гледам кој е човек, па и не луѓето сум ги примал. Сите ги примам, секој што има мака, секој што има нешто да ми каже, да му помогнам или да ми даде некаков предлог, некаква сугестија за да ги решиме проблемите на нашите граѓани, кои не се мали“, рече Пендаровски.

— реклама —

Говорејќи за бенефитите од членството на државата во НАТО, Пендаровски рече дека на чекор ни е и полноправното членство во ЕУ со што би ја оствариле и втората голема стратешка цел. Но, како што рече тој, само ако сме сложни меѓу себе. Членството во Унијата, додаде Пендаровски ќе го намали и иселувањето на нашите деца и на нашите внуци, нашата најголема болка. Пендаровски изрази уверување дека со пристап до европските фондови може да се дуплира стандардот на секој македонски граѓанин.

„Децата тука ќе имаат шанса да останат и да просперираат, само ако има услови за пристоен и достоинствен живот. Не треба ништо да си одземеме од тоа кои сме и што сме, јазикот ни е гарантиран, идентитетот ни е гарантиран. Оваа политичка структура после 17 години преговори и во еден дел т.н. преговори, бидејќи властите тогаш не сакаа да преговараат бидејќи си ги чуваа фотелјите и парите, ги започна преговорите и ја отвори првата конференција со Европската Унија “, рече Пендаровски.

Уверувајќи ги граѓаните на Прилеп дека опцијата за која се застапува и за која живее не може да ја однесе Македонија повторно во балканската кал, туку во просперитетна европска средина, Пендаровски ги повика прилепчани масовно да гласаат за него и на 24 април и на 8 мај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Foto-6

Удрија по Пендаровски: ги налути со интервју, па го обвинија дека и одмага на Македонија со порака да си троши пензија наместо да дели ум

Македонија | пред 9 месеци

Нема фотографија

Пендаровски се откажа од државната пензија, се врати како професор на Американ Колеџ

Македонија | пред 1 година

F0A57483-C8F6-4D41-8A76-9B49AA2AA973_4_5005_c

Силјановска и официјално претседател на Македонија, утре назначување и влез во Вила Водно

Македонија | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-05-09-at-16.38.42

Кои од неговите најблиски соработници се сокрија синоќа за да не бидат фотографирани со Пендаровски?

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања