Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Пендаровски: Силјановска потврди дека историските прашања не се услов за влез во ЕУ и ја собори двегодишната стратегија на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа во Куманово, одговарајќи на прашање од граѓанин за ставовите на Гордана Силјановска-Давкова во врска со францускиот предлог и фактот дека историските прашања не се предуслов за влез во ЕУ, порача дека таа со таквиот став отишла контра наративот што ВМРО-ДПМНЕ две години го пласира во јавноста.

— реклама —

„Со таа изјава противкандидатката им ја собори целокупната политичка стратегија градена две години наназад. Значи, две, две и пол години 24/7 само тоа ни кажуваат, дека мораме да ја прифатиме комплетно бугарската историја за да влеземе во Европа. Госпоѓата јасно и прецизно вели дека историјата не е предуслов да станете членка на ЕУ. Претпоставувам дека ја критикувале после таа изјава во партијата која дава поддршка ама таа е нивен избор, не сум ја наметнал јас."

Во однос на потребните измени на Уставот за продолжување на евроинтегративниот процес, Пендаровски изрази уверување дека во следниот парламентарен состав ќе се најдат 80 пратеници кои ќе ги донесат измените и на тој начин ќе обезбедат европска иднина за државата.

— реклама —

„Дали тоа му се бендисувало некому или не, тоа е сега предуслов да продолжиме и на крај да влеземе во ЕУ. Јас се надевам дека следниот парламентарен состав ќе има две третини, на да ги наречам државотворни пратеници кои нема да водат сметка само за својот џеб или за своето семејство, ќе водат сметка и за сите и за младите генерации кои нема потреба да ги тераме да заминат надвор од државава чекајќи да станеме членка на ЕУ, да одат во Нов Зеланд или не знам каде во светот, туку треба тука да имаат шанса, прва шанса дома да се успее, да се направи кариера, да се формира семејство и да се има среќен живот. Тоа го знаат сите во Европа. И овие од ВМРО-ДПМНЕ го знаат тоа, меѓутоа велат да дојдеме прво на власт па ќе ви кажеме што ќе правиме после 9 мај. Јас мислам тоа се политички мешетари од најдолен балкански вид“ порача Пендаровски пред граѓаните на Куманово.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Foto-6

Удрија по Пендаровски: ги налути со интервју, па го обвинија дека и одмага на Македонија со порака да си троши пензија наместо да дели ум

Македонија | пред 9 месеци

Нема фотографија

Пендаровски се откажа од државната пензија, се врати како професор на Американ Колеџ

Македонија | пред 1 година

F0A57483-C8F6-4D41-8A76-9B49AA2AA973_4_5005_c

Силјановска и официјално претседател на Македонија, утре назначување и влез во Вила Водно

Македонија | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-05-09-at-16.38.42

Кои од неговите најблиски соработници се сокрија синоќа за да не бидат фотографирани со Пендаровски?

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања