Промени тема
Контакт

Пендаровски: Со имплементација на Рамковниот договор станавме членка во НАТО и добивме статус на кандидат во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pendarovski

Пред 21 година, во Охрид, претседателите на четирите тогашни најголеми политички партии заедно со претседателот Борис Трајковски и претставниците на ЕУ и на САД го потпишаа Рамковниот договор кој ја спречи натамошната ескалација на конфликтот и донесе мир и стабилност како предуслови за натамошен демократски развој на македонското општество, вели претседателот Стево Пендаровски во својата објава на социјалните мрежи.

„Клучните придобивки од договорот беа зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата. Со него се поставија и темелите за уставни и законодавни измени со кои се гарантираат правата на помалку бројните етнички заедници.

— реклама —

Во изминатите 21 година, меѓу другото и преку имплементација на Рамковниот договор станавме членка во НАТО, а, добивме статус на кандидат и ги отворивме преговорите со Европската Унија. Во тој процес изградивме модел на функционална мултиетничка демократија која ги зачува мирот и стабилноста и постави највисоки стандарди за правата на заедниците.

— реклама —

Денес, кога сведочиме на војна на европско тло и кога живееме под притисокот на старите и новите безбедносни закани мораме секогаш пред очи да го имаме еден од основните принципи на Рамковниот договор со кој употребата на насилство заради постигнување на политички цели се отфрла целосно и безусловно, затоа што само политички решенија и дијалог можат да гарантираат стабилна и демократска иднина.

— реклама —

Сите наши напори во иднина да ги насочиме кон многу посилен економски развој, квалитетно образование и здравство, и здрава животна средина во која ќе постојат сите претпоставки за секој наш граѓанин да ги реализира своите амбиции и потенцијали“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

pendarovski

„Постои опасност партијата да оди кон исчезнување“, Пендаровски со предупредување до раководството на СДСМ

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
media-libraryaj99k1kr0989awWUisg

Уставен суд реагира на изјавата на Пендаровски: Изнесува неточни информации за Законот за употреба на јазиците

Македонија | пред 6 месеци

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски му возврати на Мицкоски: Уставниот суд ги потврди одлуките за вонредната состојба

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

Мицкоски се сомнева дека и Пендаровски има кривична одговорност, повика и на истрага за тврдењата на Жан Митрев

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања