Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Пендаровски: Тие што беа против Преспанскиот договор сега се фалат со НАТО членството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант на Армијата. И порача дека без Преспанскиот договор нема членство во НАТО. 

— реклама —

„Делумно е манипулација на нашите граѓани и потценување на нивната интелегенција, а делумно е зошто не знаат што зборуваат сега, што зборувале порано и што напишале во програмата. Пред 4 години госпоѓата има изјавено во една телевизиска емисија дека потписниците на Преспанскиот договор треба да бидат кривично гонети, треба кривично да одговараат. И сега велиш дека е добро што сме членка на НАТО. Епа госпоѓо, без Преспа нема НАТО", одговори Пендаровски.

— реклама —

Во однос на обвинувањата од Драган Ковачки, Пендаровски рече дека не може да му се верува на некој што со судска пресуда е лажго.

— реклама —

„Многу е тешко да му одговориш на човек кој со судска пресуда неодамна е обвинет дека е лажго. Лажеше за една хациенда на министерката за одбрана. Судот, не јас или вие, рече дека лаже и јас не видов дека после таква судска пресуда се извини. Меѓутоа знаете што е разликата меѓу нив и нас - нивните први луѓе на Мицкоски, не само на Силјановска, лично мене ме навредуваат. Ме нарекуваат измеќар, слуга нечиј, ме нарекоа дури и инфантилен. И да се вратам на господинот Ковачки - колку вреди зборот на еден некогаш висок чин во војската кој побара НАТО безбедносен сертификат и беше одбиен. Знаете кого одбиваат за НАТО сертификат? Само оние кои работат против интересите на Македонија" одговори Пендаровски

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pendarovski

„Постои опасност партијата да оди кон исчезнување“, Пендаровски со предупредување до раководството на СДСМ

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-libraryaj99k1kr0989awWUisg

Уставен суд реагира на изјавата на Пендаровски: Изнесува неточни информации за Законот за употреба на јазиците

Македонија | пред 3 месеци

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски му возврати на Мицкоски: Уставниот суд ги потврди одлуките за вонредната состојба

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

Мицкоски се сомнева дека и Пендаровски има кривична одговорност, повика и на истрага за тврдењата на Жан Митрев

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања