Промени тема
Контакт

Пензионерите излегоа на протест пред Уставниот суд – бараат да остане линеарното зголемување на пензиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
penzioneri-protest

Групи пензионери од различни делови на државата денеска се собраа пред Уставниот суд во Скопје, изразувајќи го својот став дека моделот на линеарно зголемување на пензиите мора да се задржи. Според нив, токму овој принцип обезбедува поголема правичност за оние со најниски примања.

Пред присутните се обрати Зоран Трајков, претседател на иницијативниот одбор што ја организира акцијата.

— реклама —

„Нашата борба е за сите идни пензионери, за корка леб и лекови. Не го збориме ова против власта. Ова го збориме за Македонија еднаш да биде обединета. Доста е со поделби. Не за џабе викаат ситиот не му верува на гладниот. Нашиот глас допрва ќе биде чуен“, изјави Трајков.

Тој додаде дека протестите нема да запрат тука и најави дека следната нивна локација ќе биде Канцеларијата на Европската Унија на 10 декември.

— реклама —

Трајков потсети дека досега пензиите најчесто се зголемувале процентуално, што значело покачувања од 600 до 700 денари – сума што, како што рече, не обезбедува ни основни потреби. Според него, јазот меѓу најниската и највисоката пензија порано бил сооднос 1:4, а денес достигнал 1:7, што, како што предупреди, ќе продолжи да се продлабочува доколку не се задржи линеарниот модел.

— реклама —

Пензионерите порачаа дека ќе продолжат со своите активности сè додека, како што велат, не се обезбеди фер и одржлива формула за зголемување на пензиите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

IMG_4929

Судскиот совет и Здружението на судии: Одлуката на граѓанскиот суд не може да биде однапред определена од Уставниот суд

Македонија | пред 1 седмица

ustaven-sud

Уставниот суд првпат пријави судија од Граѓанскиот суд поради непочитување на нивната одлука

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvjjmol4tsd7kbzGCssq

Уставните судови на Македонија и Турција ќе ја интензивираат билатералната соработка

Македонија | пред 1 месец

ustaven

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка, Судот за тоа дознал од Собранието

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања