Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Пешаците ќе плаќаат казна ако преминуваат улица со слушалки или телефон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
272001087_4637732702992325_9176916121983801368_n

Пешаците повеќе нема да смеат да преминуваат улица со слушалки на двете уши или со телефон во рака – тоа е предвидено во предложените измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, што Владата ги испрати во Собранието. Новите правила се однесуваат и на велосипедистите и на возачите на електрични тротинети.

— реклама —

Според текстот, секој пешак кој се движи по коловоз или преминува преку него, како и преку велосипедска патека или лента, мора да внимава и за тоа време да не користи електронски уреди што го одвлекуваат вниманието – слушалки, мобилен телефон, таблет, паметен часовник и слично. Казната за прекршување на оваа одредба изнесува 40 евра.

— реклама —

Велосипедистите кои ќе бидат затекнати со слушалки или во разговор на мобилен телефон додека возат ќе се соочат со повисока глоба – 50 евра. Исклучок се специјализирани уреди за комуникација што се вградени во заштитните шлемови.

Иста парична казна е предвидена и за возачите на електрични тротинети кои користат телефон или друг електронски уред при управување со возилото.

— реклама —

Овие законски измени се дел од пошироката иницијатива „Безбеден град“, која прво ќе се спроведе во Скопје, Тетово и Куманово, а до средината на 2026 година треба да функционира на целата територија на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysadjjm8l382vcOgHxHp

Измени на предлог-законот за пушење: Терасите на локалите ќе треба да бидат отворени од две страни, наместо од три

Македонија | пред 1 месец

media-library4mc2h6hmgauf0qensG7

По реакциите: Министерството за дигитална трансформација најави консултации за Водичот за инфлуенсери и промената на Законот за аудиовизуелни услуги

Македонија | пред 1 месец

cigari

Малите трговци за новиот закон за пушење: Законот може да затвори над 4.000 бизниси

Македонија | пред 2 месеци

jovana-mojsoska

Мојсоска до Дурмиши: Десет месеци по трагедијата во Кочани, Законот за угостителство остана само ветување

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања