Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Пешевска: Го осудувам говорот со кој пратеничка е наречена „монструм“, тоа е деградирачки и понижувачки наратив кон жена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Коментари
media-libraryma7hg0b6q4b4coQL2LC

Пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ остро ги осуди наводите на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов со кој пратеничката Дафина Стојановска беше наречена „монструм“.

— реклама —

„Навредата кон жена (без разлика на партиската припадност) е напад врз сите жени во јавниот живот!

— реклама —

Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, остро го осудувам говорот со кој пратеничка е наречена „монструм“!

— реклама —

Тоа е деградирачки и понижувачки наратив насочен кон жена затоа што гласно зборува и ја говори вистината.

Остро го осудувам Слободан Трендафилов за навредливиот говор и обидите преку манипулација на работниците да гради личен и политички профит!

Ваквиот говор не ја труе само политичката дебата, туку испраќа опасна порака до сите девојчиња и жени дека јавниот простор е место каде навредата е дозволена.

Тоа не смееме да го нормализираме!

Дафина Стојаноска е пример за силна, гласна и храбра жена која не се повлекува пред притисоци и напади, туку достоинствено ја брани својата позиција.

Го повикувам Клубот на пратенички и сите жени во Собранието, без оглед на политичката боја, да застанеме јасно и заеднички против ваквиот говор.

Денес е нападната една пратеничка, утре метата може да биде било која од нас.

Достоинството на жените во политиката е прашање на вредности и на демократска зрелост“, вели Пешевска.

media-libraryoq5jq4dhhektftxeRFg

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library02kon4n4v0g73Kize7j

Трендафилов: Добро утро на сите, освен на тие што се против зголемување на платите

Македонија | пред 2 седмици

media-library02kon4n4v0g73Kize7j

Трендафилов: 154.408 работници во длабока сиромаштија, имаат плата под 30.000 денари

Коментари | пред 2 седмици

media-library42aeoov8l6n79rPDwsK

Трендафилов: Не си ги намалуваат платите за 12.000 до 13.000 денари, лажат

Македонија | пред 1 месец

media-library7tm7p2fs36c26XrRNEd

(Видео) Трендафилов: Синдикалната минимална кошница за февруари золемена за 969 денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања