Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска истакна дека над 154.000 работници во земјава примаат плата под 30.000 денари, што е под прагот на сиромаштија, и ги повика сите да се приклучат на протестот за зголемување на минималната плата на 14 март во Скопје.
„154.408 работници имаат плата под 30.000 денари и имаат огромна причина да протестираат за зголемување на минималната плата
Според податоците од Управата за јавни приходи во Македонија бројот работници кои примаат плата изнесува 503.031.
Прагот на сиромаштија во Македонија изнесува 31.200 денари, а 1/3 од работниците во Македонија живеат со примања под прагот на сиромаштија, односно работат, а се сиромашни!
Борбата на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на минималната плата значи директно зголемување на платите на овие 154.408 работници кои имаат огромна причина да се борат за зголемување на нивната плата и да излезат на протест.
Ги повикуваме сите работници, нивните најблиски, ги повикуваме и овие 154.408 работници да се придружат на протестот кој ќе започне на 14 Март, во 12.05 ч, од пред Работничкиот дом во Скопје и кој ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата.
ССМ излегува да се бори за зголемување на работничките плати, а работниците треба да излезат да се борат за својата плата затоа што зголемувањето на минималната плата значи зголемување на сите останати плати!“, вели Трендафилов.