Сојузот на синдикатите на Македонија утре, 14 март 2026 година (сабота), ќе ја предводи протестната поворка на македонските работници која ќе започне пред Домот на синдикатите.
Главното барање на работниците е зголемување на платите.
Од ССМ велат дека работодавците и Владата ги игнорираат нивните барања, што, според нив, резултира со сè поизразен работнички револт.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, утрово порача:
„Добро утро на сите, освен на тие што се против зголемување на платите!“
Протест на Сојузот на синдикатите, привремени затворања на улици во Скопје
На 14.03.2026 во 12:05 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“, лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Р.С.Македонија во Скопје.Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.
Скопје | пред 1 седмица