Пешевски со поддршка за Трендафилов: Вакви ниски и нечовечки дејствија прават луѓе во страв, жално е, очајно е

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Коментари
media-library89cduuksgt1t9ZOCBAc

Претседателот на Синдикатот за градежништво, Иван Пешевски, преку објава на фотографија со неговиот син на фејсбук, упати поддршка за претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој заради борбата за повисоки плати, беше јавно објавен со своите деца.

— реклама —

Пешевски упати остра критика до пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, која го објави видеото од Трендафилов со неговите деца.

— реклама —

„Лично како претседател на Синдикат за градежништво - СГИП давам целосна поддршка на Претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија , Слободан Трендафилов за атакот врз него и неговото семејството. Поддршка е обезбедена и од членството и од братските синдикати на меѓународно ниво.

— реклама —

Борбата за повисоки плати и достоинствени услови за работа е исклучиво синдикална и помеѓу институции. Сојуз на синдикатите на Македонија со гранковите синдикати се бори со Организации на работодавачи и Влада, но никако со демнење и објавување деца. Пратеничката Дафина Стојаноска ја потсетуваме дека согласно Кривичен законик „Демнење претставува дејство на следење, прогонување или на друг начин мешање во личниот живот на друг, или со него воспоставување или настојување да воспостави од него несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање или други средства за комуникација, или на друг начин психичко злоставување, вознемирување или застрашување и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице.“ Воедно потсетуваме дека за вакво кривично дело се предвидува казна затвор од 3 до 5 години.

Пратеничката Дафина не ужива имунитет да снима и објавува деца, туку да обезбеди подобар живот за граѓаните кои ја избрале. Пратеничката Дафина во опозиција ветуваше подобар животен стандард, а денес злоупотребува службена должност и шири страв. Но едно е јасно. Вакви ниски и нечовечки дејствија прават луѓе во страв или луѓе за уште малку повеќе се умилкуваат кај својот шеф. Жално е. Очајно е. Не само што не е фер борба која ја водиме, туку е борба со невини мали деца, а не со нас. Нас слободно дојдете посетете не. Имаме и кафе и благо, ама ќе ви горчи душата кога ќе ви кажеме со што се се соочуваат граѓаните и работниците. Токму оние што ви дале власт, а сега ги плашите. Останаа за среќа и многу кои не се плашат и не се мали деца.

Единствено убаво што видовме е дека иако сме големи физички, пред децата сме мали и им отвораме врата. И во службена кола и во приватна и во такси и секаде, а вие останавте мали и во душа и во срце што го немате.

Борбата продолжува и ви благодариме што со вакви дејствија не правите уште посложни, побројни и посилни. Ниту се закануваме, ниту посакуваме лошо на било кое дете на планетава земја. Само ќе ви покажеме кој и каде заслужил да биде. Не може секој еден да е следен, туку секој еден е следен.

P.S. На сликата за сите што не не знаат, а не следат, сме јас и мојот син Евгениј

P.P.S. не се плашиме од полиција, зашто и за нивните плати се бориме“, објави тој.

media-libraryra6gqigbouu1aAVYu3w

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library89cduuksgt1t9ZOCBAc

Пешевски: Кога законите се само за бизнисот и функционерите – време е да важат и за работниците

Коментари | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања