Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Пет активни пожари низ Македонија, најсериозна е состојбата во Прилепско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryj722lahbhm831KAEh2p
Илустрација

До 7:30 часот утрово во Македонија се регистрирани 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е ставен под контрола, а 31 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Најсериозна е состојбата во Прилепско, каде активен е пожарот кај селото Чаниште, со краци кон Крушевица и Лопатица, кон Црна Река и кон битолското село Орле. Активни пожари има и во Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила.

— реклама —

Во Студеничани гори мешана шума на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер, додека кај Македонски Брод огнот зафатил ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки на повеќе локации. Во Кичево активен е пожарот кај Тајмиште, во месноста Дарда, каде гори високостеблеста букова шума. Пожар е активен и кај селото Мојно во Општина Могила.

Под контрола е ставен пожарот на депонијата во Делчево.

— реклама —

Во текот на изминатото деноноќие се изгаснати 31 пожар на отворен простор во повеќе општини низ земјата, меѓу кои Сарај, Битола, Струмица, Велес, Охрид, Дебрца, Гевгелија, Кичево, Јегуновце, Тетово, Теарце, Гостивар, Куманово, Липково, Желино, Кочани, Струга, Зелениково, Арачиново и Крушево.

— реклама —

ЦУК продолжува да ја следи состојбата на терен и апелира до граѓаните на внимателност поради високата опасност од ширење пожари на отворен простор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 4 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања