Промени тема
Контакт

Пет активни пожари во Македонија, 42 се изгаснати – најкритично кај Моране

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library641qr7kluupa4doCzWK
unsplash

Вкупно 51 пожар на отворен простор биле регистрирани во земјава до 07:30 часот денеска, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од вкупниот број, пет пожари се активни, четири се ставени под контрола, додека 42 пожари се целосно изгаснати.

— реклама —

Активни се пожарите во Општина Студеничани, над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде гори мешана шума, како и во Старо Балдовци во Општина Босилово, каде што е зафатена ниска вегетација и шамак.

— реклама —

Пожари има и во селото Маково, Општина Новаци, каде гори ниска вегетација, во селото Муждивњак во Општина Крива Паланка, каде се зафатени ниска вегетација и багреми, како и во атарот на селото Лозани во Општина Могила, каде гори ниска вегетација.

Под контрола се пожарите на градската депонија во Делчево, кај Ново Село на планината Огражден, во селото Манастирско Доленци во Кичево и во селото Копанце во Јегуновце.

— реклама —

Во текот на изминатиот период биле изгаснати 42 пожари на различни локации низ земјава. Меѓу нив се и пожарите во селата Врањовце, Чифлик, Букри, Климештани, Осој, Зајас, Покрвеник, Тополчани, Врбјани, како и на повеќе локации во Скопје – Илинден, Гази Баба, Кисела Вода, Чаир, Зелениково, Сарај, Ѓорче Петров и Шуто Оризари.

— реклама —

Изгаснати се и повеќе пожари во прилепскиот, битолскиот, кумановскиот, тетовскиот и кичевскиот регион, а меѓу зафатените површини имало ниска вегетација, стрништа, шума, грмушки, отпад и депонии.

ЦУК продолжува да ја следи состојбата на терен и да ги координира надлежните служби во справувањето со пожарите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr51a34b32en5bmhrbQt

Нема активни пожари во Македонија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library1s8b2678b2qg7ViUmNT

Три пожари регистрирани до 13 часот, два се изгаснати, еден под контрола

Македонија | пред 1 седмица

media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

Пет пожари на отворено регистрирани до 13 часот, активни се три

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања