Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Пет активни пожари во Македонија, три се под контрола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library80ut1svb25vc0HZ0iWD
unsplash

До 13 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор, од кои пет сè уште се активни, три се ставени под контрола, а еден е целосно изгаснат, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, на месноста Видуш во близина на селото Драгов Дол, каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер во Општина Студеничани, каде што е зафатена мешана шума.

— реклама —

Пожар е активен и во населбата Илинден, каде што гори ниска вегетација, како и во селото Чифлик во Општина Желино, каде што огнот зафатил ниска вегетација и мешана шума. Активен пожар има и во селото Букри, Општина Битола, каде што гори ниска вегетација.

Под контрола се пожарите на градската депонија во Делчево, во близина на Ново Село на планината Огражден, каде што се зафатени депонија, деградирана мешана шума и ниска вегетација, како и во селото Зајас, Општина Кичево, каде што гори стрниште, борова шума и гуми.

— реклама —

Целосно изгаснат е пожарот во селото Врањовце, Општина Врапчиште, каде што горела ниска вегетација.

— реклама —

Од ЦУК продолжуваат да ја следат состојбата со пожарите на отворен простор низ земјава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 4 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања