Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Пет активни пожари во земјава, огнот зафати и мешани и дабови шуми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarytp2hnvmn1344auF63Vn
Илустрација

До 13 часот денеска во земјава се регистрирани 10 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а три се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во општините Студеничани, Македонски Брод, Велес и Зелениково, Јегуновце, Желино и Сарај, како и во Штип.

— реклама —

Во Студеничани гори мешана шума во атарите на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Во Македонски Брод пожарите се активни на местата Видуш, кај селата Драгов Дол и Локвица, каде што е зафатена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

— реклама —

Пожарот што зафаќа територија на Велес и Зелениково е активен кај селото С’лп, на месноста Горно Село, со ширење кон Карабуњиште и селата Добрино и Тисовица. Гори ниска вегетација, дабова и габерова шума, како и квалитетна дабова шума.

Активен пожар има и на подрачјето на Јегуновце, Желино и Сарај, кај селата Копанце и Туденце, Церово, со ширење кон Бојане. Таму е зафатена мешана шума.

— реклама —

Во Штип, пожарот е активен во населбата Балканска, каде што гори ниска вегетација.

— реклама —

Два пожари се ставени под контрола – во селото Железница во општина Кратово, каде што гори депонија, и во Делчево, исто така на депонија.

Во текот на денот се изгаснати три пожари. Во општина Куманово бил изгаснат пожарот кај Табановце, на месноста Сланиште. Во Крушево се изгаснати пожарите кај селата Алданци и Норово, како и кај Борино и Житоше.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 4 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања