Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Пет години му се суди на Рашковски: откако Апелација ја укина првата пресуда, обвинет признал вина за местење тендери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 12 часа -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-2590PM

Судењето „Софтвери“ трае пет години и се однесува на обвиненија за спорни тендери за софтвери и хонорари, во кои е обвинет и поранешниот генерален секретар Драги Рашковски. По укинувањето на првостепената пресуда (8 години затвор) од Апелација во 2024, предметот се суди повторно и е во доказна постапка, со помало медиумско внимание. Еден обвинет, професорот Ивица Димитровски, призна вина; постапката за него е раздвоена. На 17.12.2025 доби условна осуда од 2 години (не се извршува ако 5 години не стори дело), обврска за надомест на штета и забрана за јавни набавки 5 години. Процесот против останатите продолжува.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Пет години трае судскиот процес „Софтвери“, во кој поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, е обвинет за спорни тендери, набавка на софтвери и исплата на хонорари. По укинувањето на првостепената пресуда од Апелацискиот суд кон средината на 2024 година, со која Рашковски беше осуден на осум години затвор, предметот се суди повторно и во моментов се наоѓа во доказна постапка.

— реклама —

За разлика од почетокот на процесот, кога јавноста и медиумите покажуваа значителен интерес, повтореното судење се одвива со далеку помало внимание. Обвинението беше поднесено во октомври 2021 година, а првостепената пресуда беше изречена во јули 2023 година, по што беше укината од Апелација и предметот вратен на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје.

— реклама —

По почетокот на повторената постапка, еден од обвинетите призна вина. Станува збор за професорот од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Ивица Димитровски, кој со укинатата пресуда беше осуден на пет години затвор. Според обвинението, тој ја изготвил техничката спецификација на тендерите што ги спроведувал Генералниот секретаријат, а истовремено учествувал и во постапките за јавни набавки – во едната како изведувач, а во другата како подизведувач. На товар му се ставаше и дека ги враќал средствата исплатени од Генералниот секретаријат каде бил ангажиран.

— реклама —

Од Кривичниот суд за „Скопје1“ информираат дека на јавна главна расправа обвинетиот ја признал вината, по што постапката за него била раздвоена и оформен нов предмет. На 17 декември 2025 година била донесена пресуда врз основа на признание на вина, со која Димитровски е огласен за виновен за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Судот му изрекол алтернативна мерка – условна осуда од две години затвор, која нема да се изврши доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело. Дополнително, тој е задолжен да ја надомести штетата на Република Северна Македонија и му е изречена забрана за учество во постапки за јавни набавки во период од пет години од правосилноста на пресудата.

Предметот „Софтвери“ против останатите обвинети, меѓу кои и Рашковски, продолжува пред Кривичниот суд и сè уште е во фаза на изведување докази.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања