Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Рашковски добива трет судија: изборот на Савески за републички обвинител го враќа предметот пак одново да се суди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Македонија
raskovski-mekici

Судењето против Драги Рашковски за предметот „Софтвери“ повторно ќе почне од почеток, бидејќи судијата Ненад Савески е избран за републички јавен обвинител. Предметот ќе се прераспредели преку АКМИС и ќе го води трет судија по ред. Случајот трае пет години и се однесува на спорни тендери за софтвери и хонорари. Рашковски беше осуден на 8 години затвор во јули 2023, но Апелација во 2024 ја укина пресудата и наложи повторно судење. Во повтореното судење Ивица Димитровски призна вина и доби условна казна од 2 години, со обврска за надомест на штета и забрана за јавни набавки 5 години. Процесот за Рашковски и другите продолжува, со ризик од ново одолговлекување.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Судскиот процес против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, повторно ќе се врати на почеток, откако судијата Ненад Савески беше избран за републички јавен обвинител. Со неговото заминување од судската функција, предметот ќе треба да биде прераспределен кај нов судија преку АКМИС системот, што значи дека ова ќе биде трет судија по ред кој ќе го води случајот.

— реклама —

Претходно, предметот во Основниот кривичен суд Скопје го водеше судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска, а по неа, постапката ја презеде Савески.

— реклама —

Станува збор за предметот „Софтвери“, кој веќе пет години се води пред судските органи, а се однесува на спорни тендери, набавка на софтвери и исплата на хонорари. Обвинението против Рашковски беше поднесено во октомври 2021 година, додека првостепената пресуда беше изречена во јули 2023 година, кога тој беше осуден на осум години затвор.

— реклама —

Сепак, Апелацискиот суд во средината на 2024 година ја укина пресудата и предметот го врати на повторно судење. Во моментов, постапката се наоѓа во фаза на изведување докази, но со новата прераспределба се отвора можност процесот дополнително да се пролонгира.

Во текот на повтореното судење, еден од обвинетите – професорот од ФИНКИ, Ивица Димитровски – призна вина. Постапката за него беше раздвоена, а на 17 декември 2025 година судот донесе пресуда врз основа на признание, со која тој беше осуден условно на две години затвор, со рок од пет години во кои не смее да стори ново кривично дело. Дополнително, му беше наложено да ја надомести штетата и му беше изречена забрана за учество во јавни набавки во период од пет години.

За останатите обвинети, меѓу кои и Рашковски, процесот продолжува, но со нов судија, што повторно го отвора прашањето за ефикасноста и времетраењето на судските постапки во високо профилираните случаи.

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-2590PM

Пет години му се суди на Рашковски: откако Апелација ја укина првата пресуда, обвинет признал вина за местење тендери

Пет години трае судскиот процес „Софтвери“, во кој поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, е обвинет за спорни тендери, набавка на софтвери и исплата на хонорари. По укинувањето на првостепената пресуда од Апелацискиот суд кон средината на 2024 година, со која Рашковски беше осуден на осум години затвор, предметот се суди повторно и во моментов се наоѓа во доказна постапка.За разлика од почетокот на процесот, кога јавноста и медиумите покажуваа значителен интерес, повтореното судење се одвива со далеку помало внимание. Обвинението беше поднесено во октомври 2021 година, а првостепената пресуда беше изречена во јули 2023 година, по што беше укината од Апелација и предметот вратен на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје.По почетокот на повторената постапка, еден од обвинетите призна вина. Станува збор за професорот од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Ивица Димитровски, кој со укинатата пресуда беше осуден на пет години затвор. Според обвинението, тој ја изготвил техничката спецификација на тендерите што ги спроведувал Генералниот секретаријат, а истовремено учествувал и во постапките за јавни набавки – во едната како изведувач, а во другата како подизведувач. На товар му се ставаше и дека ги враќал средствата исплатени од Генералниот секретаријат каде бил ангажиран.Од Кривичниот суд за „Скопје1“ информираат дека на јавна главна расправа обвинетиот ја признал вината, по што постапката за него била раздвоена и оформен нов предмет. На 17 декември 2025 година била донесена пресуда врз основа на признание на вина, со која Димитровски е огласен за виновен за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.Судот му изрекол алтернативна мерка – условна осуда од две години затвор, која нема да се изврши доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело. Дополнително, тој е задолжен да ја надомести штетата на Република Северна Македонија и му е изречена забрана за учество во постапки за јавни набавки во период од пет години од правосилноста на пресудата.Предметот „Софтвери“ против останатите обвинети, меѓу кои и Рашковски, продолжува пред Кривичниот суд и сè уште е во фаза на изведување докази.

Македонија | пред 3 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

20230706214704

Осумка, некој гордо ја носи, на друг му се темни од неа

Магазин | пред 2 години

IMG_0532

Рашковски: Кога обвинител ќе промаши 99% во обвинителниот акт - тоа зборува за каков стручњак станува збор

Македонија | пред 2 години

IMG_4201

Рашковски ќе ги решава и бомбите во школите

Македонија | пред 3 години

raskovski34

Рашковски: Има ли „Латасовци” во ОЈО ГОКК

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања