Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Пет пожари и натаму активни: Огнената опасност не стивнува низ Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library80ut1svb25vc0HZ0iWD
unsplash

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска до 13 часот регистрирал вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а пет се целосно изгаснати.

— реклама —

Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот зафаќа мешана шума на потегот од Моране, преку Вртекица и Рамни Габер, до кракот кон Палиград, како и над Вражале и Тисовица.

Пожар е активен и во селото Копаница, Општина Сарај, каде гори мешана шума. Во Општина Струга пожарот кај селото Ливада зафаќа ниска вегетација и стрниште, додека над селото Нежилово во Општина Чашка гори ниска вегетација и смреки.

— реклама —

Активен пожар е регистриран и кај православните гробишта во Тетово, каде се зафатени ниска вегетација и шума.

— реклама —

Под контрола се пожарите во селото Трново, Општина Гостивар, со ширење кон Битово, Заград и Страјане во Општина Македонски Брод, потоа пожарот на депонијата во Делчево и пожарот кај селото Куклиш во Струмица, исто така на депонија.

Во текот на денот се изгаснати пет пожари – кај селото Франгово во Струга, во буковата шума кај Тајмиште во Кичево, на депонијата во Кутретино во Демир Хисар, меѓу Неготино и Кавадарци и кај селото Стрмница во Брвеница.

— реклама —

ЦУК продолжува да ја следи состојбата на терен и апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и навремено да пријавуваат пожари на отворен простор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 4 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања