Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Петровска до Тошковски: Дали со прекинување на акцијата за поткуп од 50 илјади евра го штитите министерот за земјоделие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library53ssrjff1k8gafoxdsm

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на седницата за пратенички прашања упати прашање до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поврзано со акција за поткуп спроведена од МВР и Бирото за јавна безбедност, во која беше приведен директор на Државниот инспекторат за земјоделие.

Петровска посочи дека јавноста добила ограничени информации за случајот, при што акцијата била опишана во соопштение без, како што рече, доволно детали. Таа додаде дека подоцна во јавноста се појавиле фотографии од апсењето, кои, според неа, отвораат прашања за точната локација на настанот.

— реклама —

Пратеничката наведе дека постојат индиции за поврзаност на локацијата со објекти во близина на адреса поврзана со министерот за земјоделие, и побара појаснување дали акцијата била прекината пред да се реализира во целост.

— реклама —

„Дали со прекинување на акцијата се штити министерот за земјоделие?“, праша Петровска, додавајќи дека очекува јасни одговори од министерот Тошковски.

— реклама —

Од МВР засега нема дополнителни појаснувања во врска со изнесените наводи од пратеничката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

thumbnail_Slika_03

Петровска: Владата привремено да го преземе управувањето со водоснабдувањето во Гостивар

Македонија | пред 6 дена

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

Славјанка Петровска: Апелација потврди дека Ковачки ме клеветел за „хациендата со базен“

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

„Маж ѝ е, што сака нека ѝ прави“ е најстрашната нормализација на насилството, вели Петровска

Македонија | пред 1 месец

slavjanka

Петровска со критики до ВМРО-ДПМНЕ за гласањата во Собранието: Ова не е патриотизам, туку лицемерие

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања