Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

Петровска со критики до ВМРО-ДПМНЕ за гласањата во Собранието: Ова не е патриотизам, туку лицемерие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
slavjanka

Пратеничката на СДСМ и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, упати критики кон ВМРО-ДПМНЕ поради гласањата во Собранието.

— реклама —

Во објава на социјалните мрежи, Петровска наведе дека ВМРО-ДПМНЕ гласало против предлози што се однесуваат на ограничување на двојните државјанства за членовите на Владата, поддршка за ученици кои се натпреваруваат на меѓународни натпревари, како и мерки за подобра здравствена поддршка за деца со попреченост и лица со ретки болести.

Таа посочи дека владејачката партија гласала и против мерки за помош на ранливите категории граѓани и олеснувања за паркирање за лица со попреченост, аутизам и нивните семејства.

— реклама —

Од друга страна, според Петровска, ВМРО-ДПМНЕ поддржало ново задолжување од 260 милиони евра.

— реклама —

„Кога треба да се покаже патриотизам на дело — молчат. Кога треба да се расчисти кој со какво државјанство ја води државата — гласаат против. Кога треба нов долг — тогаш се први“, напиша Петровска.

Таа оцени дека ваквото однесување не претставува патриотизам, туку лицемерие, додавајќи дека граѓаните заслужуваат власт што ќе ги брани нивните интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

thumbnail_Slika_03

Петровска: Владата привремено да го преземе управувањето со водоснабдувањето во Гостивар

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

Славјанка Петровска: Апелација потврди дека Ковачки ме клеветел за „хациендата со базен“

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

„Маж ѝ е, што сака нека ѝ прави“ е најстрашната нормализација на насилството, вели Петровска

Македонија | пред 4 месеци

media-library53ssrjff1k8gafoxdsm

Петровска до Тошковски: Дали со прекинување на акцијата за поткуп од 50 илјади евра го штитите министерот за земјоделие

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања