Промени тема
Контакт

Петровска: Владата привремено да го преземе управувањето со водоснабдувањето во Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
thumbnail_Slika_03

Пратеничката и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, повика на итна државна интервенција по проблемите со водоснабдувањето во Гостивар, оценувајќи дека во овој момент на граѓаните им се потребни конкретни решенија, а не политички препукувања.

Според Петровска, Владата треба привремено да го преземе управувањето со водоснабдителниот систем од локалната самоуправа сè додека не се утврди целосната состојба и не се обезбеди безбедно снабдување со вода.

Таа смета дека кога локалните институции не се во можност да обезбедат безбедна вода за пиење, државата има обврска да интервенира, наместо одговорноста да ја префрла на други институции.

— реклама —

Петровска исто така побара итно да започне стручно чистење, испирање и дезинфекција на целата водоводна инфраструктура, проследени со независни и континуирани анализи на квалитетот на водата. До потврдата дека водата е целосно безбедна, како што наведува, секое домаќинство треба да добива чиста вода за пиење.

„Не се потребни нови соопштенија дека состојбата се следи, ниту нови комисии. Потребни се одлуки, конкретна акција и безбедна вода. Водата не е локално или партиско прашање, туку основно човеково право. Одговорната власт нуди решенија, а не изговори“, порача Петровска.

media-library55d3rfnrq9827lIiETo
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

Славјанка Петровска: Апелација потврди дека Ковачки ме клеветел за „хациендата со базен“

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

„Маж ѝ е, што сака нека ѝ прави“ е најстрашната нормализација на насилството, вели Петровска

Македонија | пред 3 месеци

slavjanka

Петровска со критики до ВМРО-ДПМНЕ за гласањата во Собранието: Ова не е патриотизам, туку лицемерие

Македонија | пред 3 месеци

media-library53ssrjff1k8gafoxdsm

Петровска до Тошковски: Дали со прекинување на акцијата за поткуп од 50 илјади евра го штитите министерот за земјоделие

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања