Петрушевска: Одговорот и пристапот во борбата против дезинформациите мора да бидат стратешки, а за тоа е потребна и меѓународна соработка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
marija-petrusevska

Правото на слобода на изразување, вклучително и слободата на информирање е камен темелник на секоја функционална демократија, обезбедувајќи им на граѓаните да имаат можност да се вклучат во јавната дебата и да учествуваат во процесите на донесување одлуки, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска во своето обраќање во Парламентарното Собрание на Советот на Европа како новоименуван шеф на делегацијата за тековниот извештај за „Борбата со дезинформации во Европа“.

— реклама —

Таа посочи дека во последните години можеше да се види дека оваа слобода е под значителна закана.

— реклама —

„Пропагандата, без разлика дали преку традиционалните медиуми контролирани од државата или брзото ширење на дезинформации преку социјалните медиуми стана опасна алатка за манипулација со јавното мислење, дестабилизирање на демократиите и поткопување на човечкото достоинство. Овие практики ги загрозуваат самите основи на демократските системи. Сведоци сме на ова во руската агресија врз Украина, каде што медиумите се користеа како оружје за дезинформации и на домашно и на меѓународно ниво“, рече Петрушевска.

Таа посочи дека во Западен Балкан, вклучително во Македонија, пропагандата и дезинформациите станаа алатка за нанесување штета на политиката на проширување на Европската Унија и на европската интеграција на регионот.

Петрушевска додаде дека нашиот одговор и пристап во борбата против дезинформациите мора да бидат стратешки, за што и меѓународната соработка е од суштинско значење.

„Ниту една земја не може сама да се справи со проблемот на пропаганда и дезинформации. Соработката меѓу демократските нации, медиумите и граѓанското општество е од клучно значење за развој на најдобрите практики и зајакнување на отпорноста на нашите општества против овие закани. Како креатори на политики, нашата одговорност е да ја заштитиме слободата на изразување и да обезбедиме дека нашите граѓани имаат пристап до веродостојни, точни информации кои ќе го зачуваат интегритетот на демократијата и демократските вредности во кои веруваме“, истакна пратеничката Петрушевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања