Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Петрушевски: Лицемерно е СДС да зборува за партизација на службите, институциите ги претворија во партиски штабови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Во вчерашното гостување во емисијата „За или против“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, го изнесе војот став во однос на актуелните обвиненија од СДСМ за партизација на безбедносните служби. Според Петрушевски, критиките од опозициска СДСМ се неосновани и лицемерни.

„Лицемерно е СДС да зборува за партизација на службите, кога своевремено директор на УБК, беше генерален секретар во структурите на СДС Миле Зечевиќ. Исто е лицемерно да зборува за партизација, кога Виктор Димовски од извршниот одбор на СДС, стана директор на АНБ. Едноставно, лицемерно е СДС да зборува за партизација на институциите“, посочи Петрушевски

— реклама —

Петрушевски истакна дека СДСМ имаат пракса на поставување партиски структури на раководни позиции, како Лукаревска која беше потпретседател на СДСМ, Богоев кој беше член на извршниот одбор и Спасовски кој беше назначен за генерален секретар.

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од СДС ја нагласува потребата за спроведување на политики кои ќе ги почитуваат стручните и експертските капацитети, што ја поддржуваат нивната политика затоа што Владата е избрана за да спроведува токму такви политики, бидејќи сепак сме парламентарна држава“, дециден е Петрушевски.

Петрушевски го посочи и неодамнешниот скандал со 250 пасоши кои беа издадени од страна на СДСМ, потенцирајќи дека не успеаја да ја заштитат јавната безбедност.

— реклама —

„Поради овие работи, добивме случаеви како Онишченко да бидеме мета на светски срам, се случија оние 250 пасоши на белосветски наркобосови кои си купуваа пасоши на “легален“ начин и го урнисаа безбедносниот систем на државата. Наместо да работат да го запрат ова, тие се занимаваа со следење на опозицијата“, потенцираше Петрушевски.

— реклама —

Петрушевски се осврна на тоа дека Бојан Христовски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), е докажан професионалец и обвиненијата од страна на СДСМ се поради неговото минато.

„Христовски беше мета на политички напади и отстранет од работа поради неосновани обвинувања, а тоа е директно поврзано со активностите на СДС“, рече Петрушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 8 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 8 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 9 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања