Петрушевски: СДС е во фаза на самоуништување и во опозиција не умее да биде конструктивна, а тоа е потребно за доброто на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

„Народот го кажа мислењето за СДС, дека не ги бива и го доживеаа најлошиот и најкатастрофалниот резултат во историјата на постоењето на плурална Македонија и на СДС како политичка партија“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на актуелниот подкаст „ВМРО – ДПМНЕ зборува“.

— реклама —

Петрушевски спомена дека иако пратениците од СДС биле против унгарскиот заем, сепак нивните градоначалници аплицирале за да земат средства и напомена дека тука се гледа целото нивно лицемерие. Нивната неспособност да поздрават и поддржат добри политики. Исто така спомена дека како партија сеуште се во некаква реорганизација на која и нема крај.

„Имаше случај кога пратениците беа против законот за поволниот заем од Унгарија кој што го обезбеди Владата, додека од нивната страна нивните градоначалници буквално сите до еден аплицираа со проекти за да земат пари од тој заем иако СДС го критикува. Венко Филипче како претседател го нема во Собранието, дел од другите функционери поранешни сегашни пратеници исто така ретко можат да се видат во Собранието, не предлагаат закони или пак некакви проекти и решенија“, рече Петрушевски.

— реклама —

Исто така тој додаде дека констатациите кои ги дава не се затоа што се грижи за СДС, туку дека на политичката сцена е потребна опозиција која ќе дава конструктивни критики и предлози, се со цел да може да се работи за доброто на граѓаните.

„Ова го зборувам не затоа што ми е грижа за проблемите во СДСМ, туку зборувам дека во Македонија мора да имаме конструктивна политичка опозиција и тоа е добро за државата. Ако ја имаме СДСМ во фаза на уништување, ако ја имаме Левица која што не ја интересира буквално државата и граѓаните туку само лични привилегии, ако го имаме ДУИ кој што исто така го интересираат само некакви националистички теми не е добро за државата, за демократијата. И мислам дека крајно време е целата опозициска сцена во Македонија да се консолидира, да се реформира за да можеме да имаме соговорници, да може да добиваме конструктивни критики и предлози кои што ќе можеме да ги имплементираме токму во интерес на граѓаните“, заклучи Петрушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања