Петрушевски: Штетните политики на СДС доведоа до закочен евроинтегративен процес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Во вечерашната емисија „24 Анализа" на Телевизија 24 гостуваше пратеникот Бране Петрушевски каде што истакна дека ситуацијата во која се наоѓа сега државата е катастрофална поради затекнати проблеми од претходната власт кои што треба да се решаваат, се со цел да се откочи евроинтегративниот пат.

— реклама —

"Зошто се закочени евроинтеграциските процеси е многу јасно, благодарение на лошите политики на претходната власт и прифаќањето на ултиматуми без општествен консензус", изјави Петрушевски.

Тој истакна дека како одговорна власт ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат со програма, со предлог, со конзистентна политика да ги решаваат проблемите кои се наметнати од страна на Социјалдемократскиот сојуз.

— реклама —

„Ова што ние го нудиме е од перспектива или од појдовна точка на која што ние ја затекнуваме државата. Да било ВМРО-ДПМНЕ на власт изминатите 7 години додека било СДС, не би се нашле денеска во ваква ситуација ниту би го имале Преспанскиот договор ниту би го имале Договорот за добрососедство со Бугарија ваков каков што го имаме денес”, посочи Петрушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања