Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Петти ден протести во Албанија, демонстрантите се судрија со полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Балкан
media-library95279p65c48756Klqmm

Студентските и средношколските протести против владата на Албанија влегоа во петтиот ден, по неколку вечери исполнети со тензии, судири со полицијата, оштетување имот и апсења.

— реклама —

Студентите по медицина се собраа во близина на факултетот, а потоа се упатија кон Министерството за образование. Неколку маскирани лица ја урнаа оградата, а демонстрантите фрлаа јајца и камења кон полицијата, која возврати со солзавец. Во дворот на Министерството бил фрлен запален куфер, како симбол на иселувањето.

— реклама —

Засилени полициски сили се распоредени во близина на канцеларијата на албанскиот премиер, Еди Рама. Тој изјави дека владата ќе го почитува правото на младите да протестираат, но нема да дозволи насилство и уништување. За протестите ја обвини опозицијата, а спомена и наводно мешање на странски фактори.

— реклама —

Полицијата соопшти дека во Тирана уапсила 10 лица, а против уште 22 се поведени кривични постапки по протестите во петокот. Уапсените се на возраст од 18 до 37 години и се осомничени за учество во насилствата.

— реклама —

Протестите се проширија и во други албански градови, меѓу кои Елбасан, Скадар, Валона, Грамш, Камза, Лачи и Бурел. Во Лежа е пријавена штета на прозорците на средно училиште, додека во Елбасан биле запалени канти за отпадоци. Министерството за здравство соопшти дека по протестите на 16 октомври, медицинска помош побарале 25 лица, меѓу кои и осум полицајци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3k0j2iurvs8u0XZFYno

„Рама во затвор, Бериша во затвор“: Студентите во Тирана формираа жив ѕид за да ги спречат опозициските приврзаници да им се приклучат на протестот

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryedf8sm3k8l7t4YrhQYO

(Видео) Рама повторно ги повика студентите на дијалог, постави камена маса пред кабинетот

Настани | пред 4 дена

media-libraryrc31gtj3gqdn755Wzub

Студентите во Албанија 22 дена протестираат и бараат оставка од Рама и владата

Балкан | пред 6 дена

media-libraryrc31gtj3gqdn755Wzub

(Видео) Нови судири во Тирана: Демонстрантите палат канти и фрлаат камења кон полицијата

Настани | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања